ПОЛИЦИЈАТА ФАТИЛА КРАДЕЦ, ПАРИТЕ ГИ НЕМА: Уапсен скопјанец што украл 73.000 евра, парите ги нема

  • July 16, 2018
  • Коментари

МВР поднесе кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје против И.И. (30) од Скопје поради основи на сомнение дека извршил кривично дело тешка кражба на дрзок начин, притоа стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 73.000 евра.

Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот веќе му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Според полицијата, И.И. во четвртокот околу 7 часот, на бензинска пумпа на автопатот Куманово- Скопје забележал дека во возилото на оштетениот има торбичка со пари, која што била на совозачко седиште од автомобилот.

Откако оштетениот тргнал со своето возило, напуштајќи ја бензинската пумпа во правец кон Скопје, бил престигнат од возилото на осомничениот кој во еден момент со рака почнал да покажува кон десното задно тркало од возилото на оштетениот сигнализирајќи дефект.

Оштетениот застанал и се упатил кон задниот дел од возилото за да провери за што станува збор, а пријавениот во тој момент ја зел торбичката со пари и избегал.

Веднаш по пријавата презмени се мерки и активности. И.И. е приведен, а во полициска станица извршено е и препознавање на обвинетиот.

Но, полицајците не успеале да ги најдат украдените 73.000 евра.

Претходно «
Следно »