January 24, 2021, 9:49 am

Полицajците paмо до paмо co вojниците и пожapникарите со moќнa пopaка дo влacта: Ќe cтaнeмe во одбpaна нa нaшитe нaциoнaлни и дpжaвни интepecи

Поврзано

Пендаровски се консултира со правни експерти за Законот за попис, деновиве ќе се знае неговиот став

Претседателот Стево Пендаровски е во консултации со правни експерти, па потоа ќе го потпише законот за попис, изјавија за...

Внимавајте ако патувате: Влажни коловози, снег во Маврово и кај Стража

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Снег со слаб интензитет провејува во Маврово и на планинскиот...

И нa Брнз и дojдe пpeкy глaвa: Beтoтo на Бугарија e pизик нe caмo зa Македонија, туку и за ЕУ

САД се разочарани од ветото на Бугарија поради бројни причини, а пред сѐ затоа што веруваат дека Македонија беше...
- Advertisement -

Синдикатот на Полицијата во Македонија, како еден од преставниците на вработените на Министерството за внатрешни работи, со отворено писмо до македонската јавност и сите дипломатски и други претставништва на странски држави и меѓународни институции во Република Македонија, ја изразија својата целосна поддршка за ставовите на припадниците на Армијата на Република Македонија и сите припадници со исти ставови, изнесени пред неколку дена во нивното известување за јавноста.

Пожарникарите се приклучија кон писмото на војниците од АРМ: Никој нема мандат да се пазари со виталните интереси на Македонија

Ви го пренесуваме нивното писмо во целост:

Ги поддржуваме ставовите на припадниците на Армијата на Република Македонија и сите припадници со исти ставови, изнесени пред неколку дена во нивното известување за јавноста. Согласно наведеното и ние како припадници на безбедносните структури на Македонија застануваме во одбрана на македонските национални интереси, а во контекст на преговорите кои владата ги води со бугарските власти во однос на македонските идентитетски основи (историјата на македонскиот народ, македонскиот јазик и македонскиот етнички идентитет).

Ние како припадници на Министерството за внатрешни работи будно ги следиме овие настани и известуваме дека рамо до рамо со припадниците на Армијата на Република Македонија, ќе станеме во одбрана на нашите национални и државни интереси. За тоа имаме дадено ЗАКЛЕТВА. Политичарите ги известуваме дека прифаќањето на било каков компромис во однос на наведените вредности, ќе го сметаме како непријателски акт кон нашата држава.

Како припадници во Полицијата сме мултиетнички состав, во нашите единици имаме Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби и други, но сметаме дека евентуалниот компромис во однос на наведените прашања ќе претставува компромис против сите нас, против сите граѓани на нашата држава, против нашата заедничка татковина Република Македонија.

Уште еднаш апелираме до Владата и највисоките политички претставници во државата дека ја немате нашата поддршка за пазарење со виталните вредности на нашата држава, немате таков мандат ниту од Уставот на државата ниту од граѓаните на Република Македонија.

Доколку посегнете кон некаков компромис во споменатата насока, Ве известуваме дека ќе се соочите со нашиот жесток одговор, кој ќе го искажеме заедно со припадниците на Армијата на Република Македонија и други институции, но и заедно со сите граѓани на нашата држава.

Ние Ве избравме не за да владеете со нас, туку за да не претставувате и да ги заштитите нашите, а не вашите лични бизнис и партиски интереси.

Нема да Ви дозволиме наместо нашите да застапувате туѓи интереси, ние ве избравме да бидете власт, ние ќе Ве симнеме од позициите на власт.

Во оваа битка ги повикуваме и останатите Синдикати во Министерството за внатрешни работи да ни се придружат и да застанат рамо до рамо со нас во одбраната на националните интереси на Македонија.

Од тука јавно го повикуваме Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски бидејќи во неколку наврати претходно одби да го одговори поставеното прашање од новинарите на неговата прес конференција пред неколку дена “Дали целосно стои зад интервјуто на премиерот Заев дадено во бугарски медиум и дали ги знае последиците од нашиот Кривичниот законик дека како прв човек во МВР е должен да го почитува законот и Уставот на Македонија” ?

Latest News

Рускиот вицепремиер тврди дека ковид пасошите нема да има

Воведувањето единствен меѓународен сертификат за вакцинација против вирусот корона за патување во други земји е малку веројатно, бидејќи е...

More Articles Like This