Половина Скопје без струја: Проблеми и со интернет мрежата и телефонијата кај дел од операторите

Поврзано

- Advertisement -

Невремето во Скопје предизвика голем електричен дефект во главниот град .

Неофицијално според очевидци несреќата ја предизвикал громот кој удрил во трафостаница во близина на Тутунски комбинат.

Големо невреме попладнево го зафати Скопје. Централното градско подрачје,Кисела Вода и населби до Карпош 1 од 14 часот се без електрична енергија.

Невремето е проследено со пороен дожд и грмотевици. На повеќе улици возењето беше отежнато зашто за кусо време тие се преторија во вистински реки.

Од она што го дознаваме од очевидци и читачи има и проблем со интернет конекцијата на дел од телекомуникациските мрежи.

Latest News

Македонија конечно сплотена: Со кече, сонцето од Кутлеш и фес се навиваше во Букурешт

Македонија вчера беше поразена со резултат од 3:1 на дебитантскиот натпревар на Европско првенство од нашиот противник Австрија. Нашите репрезентативци...

More Articles Like This