ПОЛСКА СЕ СПРЕМА ЗА ВОЈНА: Полската држава формира волонтерски „сили за територијална одбрана“ за борба против Русија

  • March 5, 2018

Полска продолжува со формирањето на „сили за територијална одбрана“ за борба против Русија, пишува „Нешнл интерест“

Весникот наведува дека владеачката парламентарна партија, Право и правда, секога ја опишува Русија како најголема закана за националната безбедност на земјата и од моментот на победата на изборите во 2015. постави основа за формирање на „сили на територијална одбрана“. Исто така, бившиот полски министер за одбрана Антони Мачеревиќ наведе дека потребата на регионално ниво да се организира лесна волонтерска пешадија како дополна на постоечките вооружени сили.

Освен вообичаените задачи е заштита на клучната инфраструктура и додатно обезбедување на воени цели, „силите на територијалната одбрана“ ќе се спротивстават на дезинформации, ќе одбиваат сајбер-напади, ќе ги поддржуваат патриотските идеали и ќе управуваат со ситуацијата во услови на криза или воена состојба.

Во овој момент, овие сили се сочинети од околу седум илјади луѓе, а од 2019. година се планира оваа цифра да дојде до педесет илјади.

Меѓутоа, весникот наведува дека овие мерки предизвикале несогласувања во воените кругови на земјата. Мачеревиќ пособно е критикуван поради тоа што дава предност на „силите на редовна одбрана“, а не на редовната војска.

Претходно «
Следно »