September 22, 2020, 3:20 pm

Полчишкиот манастир во мариовско Полчиште широко ги отвори портите за верниците денес: Посетете ја недопрената природа во Мариово (Фото)

Поврзано

Денес е празник на светите Јоаким и Ана, родителите на Пресвета Богородица

Денешниот празник е органски поврзан со празникот од претходниот ден, со празникот на раѓањето на Богородица. Како и по...

Празник Раѓање на Пресвета Богородица – Денес никако не правете ги овие работи

Верниците од православна вероисповест денес го одбележуваат големиот празник-раѓањето на пресвета Богородица, празник кој се нарекува и Мала Богородица. Овој...

Утpe e гoлeм пpaзник: Се пpaзнyвa Мaлa Бoгopoдица, зaштитничкa нa жeнитe

Рождество на Пресвета Богородица (Мала Богородица) е еден од големите празници на Светата православна црква. Иако овој празник се...
- Advertisement -

Денес православните христијани го празнуваат Св. Пантелејмон исцелител кој лечел со Божја помош

Највесело во прилепско за овој празник е во мариовско Полчиште, каде и оваа година манастирот Св. Пантелејмон широко ги отвори портите за верниците.

Светите литургии се закажани во 19:00 часот во сабота и 07:00 часот во недела.

Манастирот се наоѓа југозападно од селото, оддалечен околу 1,5 километар во местото односно на самиот врв на гребенот (ридот) Скрка во Мариово. Местоположбата на манастирот е специфична. Изграден е на врвот Панделе на надморска височина од 1344 метри.

Св. Вмч. Пантелејмон во Мариово се нарекува со името Панделе, па затоа и местото на кое се наоѓа манастирот го добило името Панделе. До верскиот дом се стигнува по стрмен кривулест пат, каде доминира врвот, што овозможува глетка на цело Мариово како на дланка. Според усните преданија кај народот од овој крај, многупати се вели дека “Панделе е на високо и гледа сè”.

Манастирот првпат бил изграден околу 1830 година од Коле Папаров, за кого други податоци не се познати и не се сочувани. Манастирот бил изграден од дрвена граѓа. Така останал до изградбата на црквата од тврда градба. Околу 1938 година, на Тодија Рошков му се претскажало да изгради црква на истото место, од тврда градба.

Црквата била изградена под негово раководење со сесрдна помош од луѓето на околните села, претежно од Полчиште. Храмот бил изграден на нова локација да не се урни веќе постојната црква, иако била од дрвена граѓа, и поради новата локација утврдена на гребен од кој може да се гледа од сите страни. Новоизградената црква била поголема, сепак со скромни димензии и архитектура. Формата е правоаголна, долга 7 метри, а широка 6 метри. Ѕидовите се од камен, со бел малтер.

Покривот е со две косини, со мала купола. Направен е од понови материјали, со замена на стариот покрив, кој бил од камени плочи, со какви се покриени и најголемиот број куќи во Мариово. Има две врати, од западната и јужната страна. Црквата е осветена е од Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Петар, на 11 октомври 1985 година. Покрај славата на денот посветен на Св. Вмч. Пантелејмон, 9 август, се слави и денот на осветувањето на црквата 11 октомври и денот посветен на Св. Вмч. Георгиј, Ѓурѓовден на 6 мај.

Со изградбата на новата црква, старата била оставена на забот на времето, која се урнала. Останало само обележје каде се наоѓала. По претскажување на Карафила Гогова од Полчиште, на нејзина иницијатива и сесрдно залагање 1985 година, почната е и изградена нова, мала црква на старата локација, односно на избраното место. Новата црквичка е правоаголна, со скромни димензии, должина од 4 метри, ширина од 3 метри и височина од 2,5 метри.

Црквичката е посветена исто така на Св. Вмч. Пантелејмон. Внатрешноста не е зографисана, а иконостасот е скромен, направен од дрво.


Во манастирскиот двор се наоѓа и истоименото археолошко наоѓалиште (Свети Пантеле), кој претставува кастел од раноантичко време.

Посетете го манастирот Св. Пантелејмон во село Полчиште и уживајте во недопрената мариовска природа и чистиот планински воздух.

Latest News

Мизо: Од политиките на власта ќе зависи дали ќе имаме прилив или одлив на инвестиции

Автомобилската индустрија е една од најпогодените индустрии на глобално ниво од глобалната пандемија на Ковид-19. Постоечките околности со промената...

Концептот “Едно општество за сите“ го прогласија за умpeно

Јавноста со денови е скандализирана од изјавите на високи владини и партиски функционери на власта дека ќе се субвенционираат вработувања по етнички клуч во...

Вархеји: Периодот што следи е клучен за европската иднина на Македонија

Потпретседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска во Брисел оствари средба со Оливер Вархеји, еврокомесар за соседство и проширување, на која...

Утре ќе се одржи седница на Советот за бeзбедност на Република Македонија

Утре, 23 септември 2020 година, среда, со почеток во 12:00 часот во Кабинетот на Претседателот „Вила Водно" ќе се одржи седница на Советот за...

И ова го има: Изгyби на избори, а бил единствен кандидат

Во Италија во малата општина Лезина со 6.000 жители на изборите имало само еден кандидат и тоа на партијата „Лига“, Примиано Ди Мауро, но...

More Articles Like This