Понеделник ќе биде ден генерално без врнежи. Само во раните утрински часови ќе има сеуште врнежи од дожд на пониските, а снег на повисоките места во крајниот источен регион.

  • November 19, 2018

Околу пладне во дел од земјава ќе има делумно разведрување, со малку подолги сончеви пертиоди во југоисточниот крај.

Кон крајот на велерата ќе има ново наоблачување.

Минималната температура ќе има вредности помеѓу -1°С и 3°С.

Дневната температура ќе има максимална вредност помеѓу 6°С и 8°С во најголем дел од котлините. Значајно потопло, со максимална околу 10°С ќе биде во југоисточниот крај.

Скопскиот крај очекува умерена облачност во текот на денот., со повремени сончеви периоди.

Температура ќе има минимална вредност околу 0°С, а максимална вредност до 7°С

Претходно «
Следно »