ПОПЛАВЕНИ АВТОМОБИЛИ: Кај надвозникот на булевар Србија поплавени неколку возила!

  • August 6, 2016

Невреме со пороен дожд, силен ветар и грмотевици попладнево го зафати Скопје и остави неколку делови од градот без електрична енергија, интернет и телевизија.

 

nadvoznik-bulevar-srbija-640x424

Во меѓувреме на социјалните мрежи постојано се објавуваат фотографии од локации каде што сообраќајот е во прекин:

1. Населба Автокоманда, во близина на хотелот Континентал

2. Улица Рилски Конгрес, населба Водно

3. Булевар Србија, сообраќајот е во прекин – заглавени се неколку возила

4. Булевар Кочо Рацин, кај Тинексот во близина на ГТЦ

5. Улица Иван Козаров, Кисела Вода

6. Подвозникот пред Црниче

Напоменуваме дека информацијата се однесува само за состојбата во овој момент.

Претходно «
Следно »