Попладнево се очекува првиот снег во Скопје

  • December 13, 2018
  • Коментари

Од денеска следува период на облачно време со повремени врнежи со слаб, а на места и умерен интензитет.

Денеска попладне и во текот на ноќта, како и утре претпладне врнежите ќе бидат од снег и повеќе ќе бидат застапени во западните и во јужните делови каде на места ќе се формира снежна покривка.


Температурите ќе се движат од -1 до 6 степени. Во Скопје ќе биде претежно облачно, попладне со услови за провејување на снег, со температура до 2 степена.

Од сабота врнежите во пониските места ќе бидат претежно од дожд. По одделни котлини ќе има појава на магла.

Претходно «
Следно »