ПОПОВСКИ ИЗЈАВИ ДЕКА НЕМА НАМЕРА ДА БЕГА: Имам повредена сопруга, неподвижна мајка и син кој се школува овде, немам намера да бегам

  • May 22, 2018

Друга алтернативна држава немам освен оваа, рече осудениот на девет години затвор, Ѓоко Поповски, откако обвинителката Фатиме Фетаи, побара од судот да му биде изречена мерка притвор поради опасност од бегство.

Како одговор на ова барање Поповски рече дека ниту има можности ниту размислувал за бегство. Додаде дека до сега редовно се пријавувал во судот и ја испочитувал мерката на претпазливост која му била одредена.

-Како што реков и претходно мојата сопруга е повредена, повредата која јас и ја нансесов е несреќен случај и предизвика тешка операција кај неа. Движењето и е ограничено и трпи болки. Имам еден син кој живее и се школува овде, и имам стара неподвижна мајка која пред еден месец живееше со мене меѓутоа веќе во неможност ниту јас ниту сопругата заради и здравствените проблеми и психичката состојба во која се наоѓаме, не можеме да и ја пружиме адекватната помош ја згриживме во дом за згрижување стари лица каде секој ден ја посетуваме. Така што ниту имам можности ниту имам потреба, ниту пак сакам, ниту пак сум размислувал за бегство – рече Поповски.

Судот се повлече на пауза од 40 минути да се произнесе за барањето на Фетаи.

Претходно «
Следно »