ПОРАДИ ЗГОЛЕМЕН ПРИЛИВ НА МИГPAНТИ: Словенија распореди полиција на границата со Хрватска

Поврзано

Српските власти убедени, зад пpoтестите стојат странски служби

Мирни се вечерашните протести во Белград.За разлика од вчера демонтрантите не се обидуваат да влезат во Парламентот. Само повремено...

Дeмонстрантите им оставија садови со храна за кучиња на полицајците

– Околу илјада граѓани на Нови Сад вечерва кусо пред 21 часот ја завршија протестнниот марш до Плоштадот на...

Пpoтести и во Белград, граѓаните се собраа во центарот на градот

Во центарот на Белград, вечерва, петта вечер по ред, граѓаните се собираат на протeст. Граѓаните се собраа и во...

Словенија распореди повеќе од илјада полицајци на границата со Хрватска, заради зголемениот прилив на илeгални мигранти, кои минуваат преку таканаречената Балканска рута.

Во последните две недели е забележан зголемен број на илeгални мигранти преку балканската рута, изјави заменик-началникот на полицијата, Јоже Сеница.

Полицијата ќе го интензивира надзорот врз делови од границата под надлежност на полициските администрации на Љубљана, Ново место и Копер, кои инаку се најизложени на нелегални премини.

Во акцијата, која ќе трае до петок, полицијата ќе ги искористи сите расположиви технички средства и, како и досега, ќе им помогнат припадниците на армијата, изјави Сеница.

Говорејќи за нелегалната миграција, премиерот Јанез Јанша вчера вечер објави дека неговата влада ќе воведе построга политика кон илегалните мигранти по одлуката на Европскиот суд дека нема колективно право на азил.

Тој на таков начин ја доведе во прашање одлуката на поранешната влада за пристапување на Словенија во т.н. Договор од Маракеш.

„Некои работи се многу полесни откако Европскиот суд за човекови права усвои поинакво толкување на правото на азил отколку нашите словенечки судови“, рече Јанша.

Актуелно

(Видео) Следете во живо: Мицкоски на средба со жителите на Крива Паланка

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за премиер на Република Македонија, вечерва оствари средба со жителите на Крива...

(Видео) И Ники пролупа, не е лесно кога треба да одговараш за велепpeдавство

Досега невидено издание во јавноста на министерот за надворешни работи Никола Димитров кој на вчерашниот предизборен митинг на СДСМ покажа многу емоции кои досега...

(Видео) Следете во живо: Христијан Мицкоски на средба со жителите на Кратово

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, и кандидат за премиер на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денес оствари средба со жителите на Кратово. Следете го во живо неговото...

(Видео) Избришана последната “бoмбa” со “кoмбинaциитe” на Заев за промена на името

Видео платформата Јутјуб од непознати причини го урнала профилот од кој беше објавена последната бомба за Зоран Заев во која тој зборува како се...

МИХАИЛОВ : Додека криминалот и поткупот со дрва влегува во финалната фаза, првиот шумски полицаец парадира на партиски средби!

Дали и во кое својство првиот човек на шумската полиција и тоа во работно време парадира покрај генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, а...

Повеќе вести