ПОРАДИ СИЛНИОТ ВЕТЕР ДВА АВИОНА НЕ СЛЕТАА НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ: Наместо во Скопје, два авиони пренасочени кон Охрид и Приштина

  • May 20, 2019

Поради силниот ветер кој синоќа дуваше во Скопје, два авиони наместо да слетаат на скопскиот аеродром, беа пренасочени, кон Охрид и Приштина.

Патничкиот авион „Боинг 737-752″ коj вчера кружеше над Скопје околу еден час поради неможноста да слета на Скопскиот аеродром заради силниот ветер, беше пренасочен кон аеродромот во Приштина.

Исто така заради силниот ветер, авионот на „Визер“ од Малта кој требаше да слета вчера на скопскиот аеродром беше пренасочен кон охридскиот аеродром.

Претходно «
Следно »