ПОРАДИ СНЕЖНИ ВРНЕЖИ, ЗАБРАНА ЗА КАМИОНИ НА ПОВЕЌЕ ПАТНИ ПРАВЦИ!

  • January 9, 2019

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, а на планинските превои со остатоци од кашест снег на коловозот.

„Забрани за движење на тешки товарни возила има на патниот правци крак Маврово-Дебар, Гостивар-Кичево преку планинскиот премин Стража, Струга граничен премин Ќафасан и Тетово-П.Шапка каде за останатите возила е задолжително користење на зимска опрема (синџири).

Од 13:20 часот се воведени забрани за тешки товарни возила на патниот правец,Ресен-Битола преку планискиот премин Ѓавато и Ресен-Охрид преку планинскиот премин Буково.

 

Од 14.15.ч се воведува забрана за тешки товарни возила на патниот правец Кичево-Охрид преку планинскиот премин Пресека.
Снег врне со променлив интензитет на цела територија во Републиката.
Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица.
На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони“, велат од Македонијапат.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Претходно «
Следно »