ПОРАЗИТЕЛНА СТАТИСТИКА: Само 4% од фекалиите поминуваат низ прочистителна станица, другото завршува во реките низ државата

  • April 26, 2018

Само 4% од отпадните фекални води во земјава се третираат во пречистителни станици. Скоро целата канализација ни завршува директно во реките, што има катастрофални последици за животната средина. Според експертите, за надминување на оваа поразителна состојба, ќе биде потребно многу време, пари и подигање на свеста на населението, пренесува Сител.

– Треба да поминат не години, децении, тоа го кажувам објективно, за да ги стасаме перформансите и стандадите на земјите членки на ЕУ- изјави Соња Липкова УГД-Штип

За изградба на инфраструктурни капацитети има достапни средства од Унијата, но уште поголем проблем е како истите, откако ќе бидат изградени, да можат успешно да се менаџираат.

– Ние ги имаме луѓето, но кадар, соодветен, обучен, каков што има потреба, немаме-изјави Лидија Дојчиновска КЈП „Водвовод и канализација “ –Кочани

Јавните комунални претпријатија, посебно помалите во руралните општини кои немаат ни доволно вработени, самостојно не можат да одговорат на идните предизвици.

– Поголемите комунални претпријатија ќе испратат свои претставници во помалите и ќе ги насочат, што е и идејата на АДКОМ во соработка со ГИЗ- изјави Игор Спасовски , ЈКП „Солидарност“-Виница.

За изнаоѓање на оптимални решенија, раководните тимови на претријатијата, разменија искуства и добри пракси со свои колеги од регионот и западна Европа, на дводневната меѓународна конференција за води и отпад.

Претходно «
Следно »