ПОРТРЕТ: ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Гробарот на македонската безбедност и слобода

Поврзано

ОД ДОМОТ ЗА СТАРИ ЛИЦА „РУСКИ“ ТВРДАТ: Ниту една од трите позитивни вработени немала никаков контакт со штитениците во домот

Во врска со денешната прес-конференција на министерот за здравство Венко Филипче, на која тој информираше дека во приватен дом...

СДСМ КОНТРА СЗО: Во фунцкија на избори го загрозиja здравјето на сите граѓани, експертите предупредуваат, не треба да се брза со олабавувањето на мерките

Светската здравствена организација (СЗО) предупредува дека земјитe кои прерано ги запреа рестрикциите за ширење на коронавирусот може да забележат...

СЕЛА БАРА ОДГОВОРНОСТ ЗА КАМПАЊАТА НА ЗАЕВ: Вирусот им го сервираат на граѓаните

Огорчени сме од негрижата на тие кои се желни за власт, кои не само што го прекршиле законот и...

За разлика од сите останати членови на актуелната Влада и нејзиниот Премиер, Оливер Спасовски има стаж на министер за полиција од скоро 2 години, земајќи го периодот од двете технички влади после Пржино, од кои тогашната опозиција се откажа да оди на избори. Од 14 министри за внатрешни работи во независна Македонија тој во моментов има подол стаж како министер од дури 8 министри (Јордан Мијалков, Павле Трајанов, Доста Димовска, Љубе Бошкоски, Сиљан Аврамовски, Митко Чавков, Агим Нухиу и за некој месец и од Хари Костов).
Зголемениот интерес и продор на Спасовски кон МВР започнува во изборната 2011 и продолжува во изборните 2013 и 2014 година кога остварува првични контакти со припадници на раководството на тогашниот Оддел за посебни единици кои се со кумановско потекло. Контактите најчесто ги реализира во црквите низ Кумановската епархија, најчесто во црквата Св.Никола во населбата Ајдучка Чешма како и црквата св.Ѓорѓи во Дељадровце на автопатот кон Скопје. Причината поради која и до ден денес негува блиски врски со црковните раководства од Куманово е зетовски врски со кумановскиот намесник што резултира и со блискост и со владиката Јосиф. Овој однос понатака се проширува и кон раководниот кадар од Централните Полициски Служби во рамки на БЈБ. Врската за овој линк на линија Спасовски-ЦПС е нивен заеднички пријател инаку успешен бизнисмен од околината на Скопје.

На овие лица, за кои постои и документирана евиденција од нивните средби, Спасовски нуди соработка со цел нивна логистика при вршење на поткуп низ ромските средини во Куманово како за парламентарните така и за локалните избори во корист на Зоран Дамјановски-Циц, чиј општински секретар во 2011 е токму Спасовски.

Првите два, условно кажано, технички мандати, Спасовски ги троши на сензационализам во медиумите со непостоечки скандал за фалсификат возачки дозволи како и пресметка со целокупниот професионален кадар кој успешно ги водеше сите истраги за организиран криминал во претходниот период. Можноста за поместување како и ангажирање на кадар за потребите на министерот, врати пензионирани кадри како и фрустриран кадар кој зад себе нема никаков значителен успех освен партиска афилијација кон СДСМ. Исто така, вработени се и неколку лица од ПР и логистичкиот тим на СДСМ во МВР без никаков критериум и услов за работа. Во делот на БЈБ и УБК е пресликана истата состојба како и во делот на МВР односно и во овие два органа внесе кадар кој повеќе од 10 години не е во тек со заканите и опасностите со кои се соочуваат сите балкански земји. Заеднички именител на целокупниот кадар поставен од него е тоталното непознавање на англискиот јазик што дополнително создаде фрустрација и кај лицата назначени но и кај сите останати вработени во МВР.

Во периодот откако е назначен за министер за внатрешни во Владата на Заев до денес (период од 8 месеци) се потпре главно на кадрите од времето на неговиот “технички” мандат. Оваа одлука придонесе за кратко време да пламне состојбата во делот на имотните деликти и насилниот криминал. Првите 5 месеци Спасовски ги помина со 350 украдени возила и тоа по бугарски рецепт од 90тите, нерасветлени убиства од кои најбруталното врз фудбалерот Мартин Јанушев за чии нарачатели и сторители во јавноста беа изнесени и повеќе од доволни податоци и изјави за насочување на истрагата кон посочените лица. Летниот период во Скопје донесе незапаметен бран на насилничко однесување низ скопските угостителски објекти, особено во оние најпопуларните, каде лица блиски до раководството на СДСМ буквално дивееја и на очиглед на сите ги изнудуваа сопствениците. Во тој период се изнедри и непостоечката агенција за обезбедување Омерта која ниту имаше лиценца за работа од МВР ниту пак беше акредитирана од соодветната комора. Ова не беше пречка припадниците на оваа агенција да добијат ангажман во државни институции како Студентскиот Центар во Скопје или да го обезбедуваат одржувањето на Суперкупот.
Со доаѓањето на есента целокупниот ангажман на МВР под Спасовски се стави во брутално партиско одработување во корист на СДСМ. Раководни но и обични припадници на МВР, на полицијата но и на тајната полиција отворено и нескриено беа партиски ангажирани буквално на секаков можен начин. Од агитација до учество во плаќање на гласови па дури и агитирање и ангажман на социјалните мрежи. Она што Спасовски кога дојде изјави беше: Во МВР нема веќе МВРО- слободно може да се каже дека се претвори во МВРСДС. За врема на кампањата повторно се извршија убиства во Кичево и Чаир за кои извршителите повторно се се открија. Одвојувањето на партијата од државата- кредо на ОБСЕ кое опозиционерот Заев го бараше во минатото се претвори во гротеска при одржувањето на првите избори во организација на оваа Влада. Оливер Спасовски бесрамно беше говорник на речиси на секој митинг во Западна Македонија рамо до рамо со нивниот кандидат како и со целокупниот раководен кадар на МВР. Ваквиот ангажман на полицијата и Спасовски направи цели градови во вториот круг да бидат под опсада на специјалните полициски сили на МВР дополнето со негово или присуство на негови партиски кадри.
Нема да се заборави и притисокот кој МВР по налог на Спасовски го направи врз социјалните мрежи Фејсбук и Твитер за гасење или блокирање на одредени профили и содржини.
Крајот на годината го донесе и веројатно најбруталниот чекор во погазувањето на основните човекови права од негова страна, а тоа е апсењето без одземање на имунитет на опозициските пратеници и сите останати лица за кои со полтронските и уценети обвинители креираа монструозно дело-терористичко загрозување на безбедноста. Подоцна и Претседателот на Собранието Народниот Правобранител и францускиот амбасадор потврдија дека апсењето е извршено на незаконски начин од страна на припадниците на полицијата. Оваа негова катастрофална грешка ќе го прогонува во иднината заедно со неколкуте спорни документи потпишани од него и директорот на БЈБ Лазо Велковски поврзани со злоупотреба при постапка за јавни набавки за потребите на МВР. На реформски план Спасовски испорача комични цели во помпезниот План 3-6-9 кои или се веќе спроведени или не се поврзани со реформските приоритети на Прибе. Напротив, во делот на реформите поврзани со следењето на комуникациите МВР под негова палка предложи неколку катастрофални законски одредби кои оставаат простор за злоупотреба на комуникациите на граѓаните од чудовишни размери. Овде секаква критика е непотребна, доволно е да се чуе само жестоката критика во јавноста од професорската фела на чело со проф.Калајџиев која до пред само година дена беше рамо до рамо во Шарената Револуција со Спасовски и компанија.
Повеќе од јасно е дека Оливер Спасовски има намера брутално да владее со МВР како неговите претходници Фрчкоски, Чокревски и Костов. Јавноста во Македонија но и меѓународната заедница во Скопје се повеќе ќе станува сведок на нечесните и строго партиски намери на овој човек кој е исполнет со злоба до бескрај. Интерпелација против него е нешто што во најмала рака може да поднесе опозицијата доколку е присутна во Собранието. Во меѓувреме јавноста од вчера ќе биде сведок на негативната кампања врз Спасовски (за мешање на црквата и полицијата) која се води од интернет активистите блиски до таборот на Радмила Шекеринска во СДСМ.

Актуелно

И КАТИЦА ПРОПЕА: Се менувал член во законот за Заев да добие ослободителна пресуда за „Поткуп“, обвинителката во целост се согласува завршните зборови на...

Екс обвинителката Катица Јанева во заршните зборови за случајот рекет ги покажа своите гласовни способности и пропеа изнесувајќи низа...

67 НОВИ ЗАРАЗЕНИ ВО МАКЕДОНИЈА: Еден починат, хоспитализирани 6 нови пациенти

Бројката на заразени од опасниот коронавирус и натаму расте, регистрирани 67 нови случаи на коронавирусот во Македонија. Еден е починат, а хоспитализирани се 6...

(Видео) ПОЧНА ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА ВО АМЕРИКА?!: „Падна Рим“, им се удри ли нивниот камен од глава?!

Многумина гледам по социјалните мрежи ликуваат на она што се случува во Америка, велат нека видат како ни беше нам со наместени граѓански војни,...

ЗАВРШНИ ЗБОРОВИ НА КАТИЦА: Вилма не ме мрази туку ми љубомори, ама ако нека пукне

Дека е прљав играч, дека е злобен може да кажам. Орце се заебал, мене не можеше да ме купи. Може некој друг може да...

ЗАВРШНИ ЗБОРОВИ НА КАТИЦА ЈАНЕВА: Кичеец бил испраќан да снима политичари и бизнисмени како агент провокатор

Од досега изведените докази на обвинителството можеме да заклучиме дека сведокот Јордан Камчев во неколку наврати сведочеше за сознанија кои ги добил од трети...

Повеќе вести