January 18, 2021, 8:34 am

ПОСВЕТЕНО НА ЕМИЛИЈА ДИНЕВА: Го подари своето срце, за друг да живее, а таа премина во вечноста

Поврзано

Родилка останала без органи во здравствена установа – Филипче и надлежните молчат

За случајот со медицинската сестра, од пред половина година, јавноста дознава преку медиуми, а министерот за здравство, Венко Филипче...

Вилата на сопственикот на Канал 77 полеана со нафта

Очигледно насилно отворена влезна врата и полеана со нафта целата покуќнина, оставиле зад себе вандалите, кои во некој од...

Агенцијата за вработување контра Шахпаска: Со бројки ја демантира дека немало вратени невработени „гастарбајтери“

Од 11 март кога се прогласи пандемијата до 31.декември 2020 година без работа останале 17.026 луѓе, според податоците на...
- Advertisement -

Посветено на Емилија Динева, која го подари своето срце, за друг да живее, а таа премина во вечноста. Ваквите ЛУЃЕ се: желбата, надежта, светлината… од таквите, како Емилија, кои се реткост, животов тука, среде пekолов земски, добива надеж и смисла.

Врз облаци зачекори,
на меко и чисто да газиш,
тука долу тиња е,
загнасено и матно.

Таму горе,
до сонцето поблиску ќе бидеш,
ќе те гали и грее,
и патот светол секогаш ќе ти биде.

А кога сонцето ќе зајде,
не грижи се,
месечината ќе те чува,
ќе те гушка и гали,
како мајка што најнежно
на чедо свое тоа го прави.

И верувам,
таму горе над облаците,
кај сонцето и месечината,
помеѓу ѕвездите,
таму каде и ти сега си ѕвезда сјајна,
таму е поубаво и почисто,
безгрижно и бајковито,
оти злото не знае да лета,
а и да знае, од Бога се плаши
и горе не би отишло,
тоа тука на дното се гуши,
и тука долу сонот го руши.

Таму горе

#зборовиМаркоВиденовиќ
#zboroviMarkoVidenovic

Latest News

(Видео) Hoв “Шизик на pизик” нa Тик-Ток: Boзaч лyдyвa пo македонските yлици и вoзи co 255 км/ч

По вчерашното видео на „Тик-Ток“ каде граѓани користат полициски значки и палки за да поминат патарини денес е објавено...

More Articles Like This