ПОСЕБЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ ЗА НАТПРЕВАРОТ ВАРДАР-ДИНАМО

  • July 12, 2016

Со почеток во 20 часот и 45 минути на Националната арена „Филип Втори“ во рамки на второто Квалификациско коло на Лигата на шампионите ќе се одигра меѓународен фудбалски натпревар помеѓу ФК Вардар и ФК Динамо Загреб, од Република Хрватска.

nacionalna-arena-filip-vtori

Од причина што се очекува зголемен интензитет на сообраќајот ќе биде воведен посебен режим на одвивање на сообраќајот, односно започнувајќи од 17 часот ќе биде затворен за сообраќај дел од ул. „Аминта III“ и тоа на потегот од крстосницата со ул. „Јордан Хаџиконстантинов Џинот“, па се до фудбалскиот стадион при што кон стадионот ќе се пропуштаат само возила со посебни пропусници.

Во периодот по 19 часот во зависност од потребите и моменталните состојби и интензитет на сообраќајот ќе се ограничи приодот на возилата уште од бул. „Илинден“, односно кон стадионот ќе се пропуштаат возила со посебни пропусници, односно селективното пропуштање ќе биде на крстосниците на бул. „Илинден“. Поради ова, од сообраќајната полиција апелираат до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, а доколку дојдат на натпреварот со возила, за паркирање да ги користат околните дозволени паркинг простори.

Претходно «
Следно »