August 3, 2020, 12:57 pm

Посебниот протокол се почитува на највисоко ниво – Еве како гласаат зaбoлeнитe Koвид-19

Поврзано

Германските ученици се вратија во училишните клупи

Десетици илјади училишни деца денеска се вратија во училиштата во северна Германија. Мекленбург-Западна Померанија е првата од 16 германски држави...

Дpaма: СЈО бара извинyвaњe од Стево Пендаровски

Во врска со изјавата на Претседателот на Република Северна Македонија г-дин Стево Пендаровски која ја упати по повод чествувањето...

Само во јули пoчинaлe 191 граѓанин од Koвид 19

Со втора најцрна корона статистика во Европа Македонија влегува во втората половина од летото. Четирите нови смртни случаи вчера...
- Advertisement -

Денешното гласање на болните од Ковид-19 и на лицата кои се во самоизолација се одвива според посеебно утврден здравствен протокол за заштита. Правото на глас денеска, два дена пред предвремените парламентарни избори, можат да го остварат 716 лица кои се пријавија во ДИК. Тие гласаат во нивните домови.

Посебните избирачки одбори кои одат да го спроведат гласањето во домовите на лицата кои се КОВИД- 19 позитивни и се во домашна изолација пред тргнувањето се опремуваат со лична заштитна опрема која се состои од: мантил за еднократка употреба, ракавици за еднократна употреба, заштитна стандардна хируршка маска и средство за дезинфекција.

Членовите на посебниот избирачки одбор заштитната опрема ја менуваат по завршување на гласањето на секој гласач, односно онолку пати колку што гласачи ќе гласаат. Лицето кое гласа задолжително носи заштитна маска преку нос и уста.

При самото влегување во внатрешниот простор најпрво лицето кое гласа ги дезинфицира рацете. При влез во домот на гласачот, пред да му се даде гласачкото ливче, на гласачот му се даваат заштитна маска доколку нема и задолжително, заштитни ракавици.

При подавање на личната карта, гласачот ја симнува накратко маската за идентификација и ја држи препорачаната дистанца од членовите на избирачкиот одбор.

Пред да му се даде гласачкото ливче на гласачот, задолжително е да ги дезинфицира рацете на кои има заштитни ракавици.

По завршеното гласање, лицето кое гласа повторно ги дезинфицира рацете.

Во целиот процес на гласање задолжително се обезбедува физичка дистанца од 1,0-1,5 метар. Не се спроведува дезинфекција на гласачката кутија после секој гласач.

По завршување на процесот личната заштитна опрема се отстранува.

Диспозијата на искористената лична заштитна опрема се спроведува со ставање во црна пластична кеса која се затвора со леплива трака. Отпадот се третира како комунален отпад.

Latest News

Eкcплицитнo фото: Рита Ора тoплec на плажа

Британската поп-ѕвезда со косовски корени, деновиве е на Ибица, каде одмара со друштво и со десет години постарото момче....

Мицкоски: Државата ја втурнувaaт во цpвeната зoнa на пpeзадолженocт, дoлгoт дocтигна 59,5%

Лидерот на партијата ВМРО-ДПМНЕ, на својата официјална Фејсбук страница напиша статус во кој што објави податоци од Министерството за финансии во кои стои дека...

Германските ученици се вратија во училишните клупи

Десетици илјади училишни деца денеска се вратија во училиштата во северна Германија. Мекленбург-Западна Померанија е првата од 16 германски држави која ги прекина летните одмори....

Како на филм – Пoбeгнaлe од зaтвop од 12 кат со вpзaни чаршави

Бегство од затвор како на филм се случи во затвор во Оклахома. Двајца затвореници побегнаа од затворот на 12 кат откако врзааа чарашави во...

Дpaма: СЈО бара извинyвaњe од Стево Пендаровски

Во врска со изјавата на Претседателот на Република Северна Македонија г-дин Стево Пендаровски која ја упати по повод чествувањето на Денот на Републиката од...

More Articles Like This