ПОСКАПУВААТ ГОРИВАТА: Бензинот поскапува за 1.5, другите горива за два денари!

  • October 17, 2016

Бензинот „еуросупер БС 95“ од ноќеска на полноќ поскапува за 1,5 денари, а „еуросупер БС 98“, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за два денари.

benzin1
Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, литар „еуросупер БС 95“ ќе се продава по цена од 63 денари, а „еуросупер БС 98“ за 65 денари.

Новата цена на „еуродизелот (Д-ЕV)“ изнесува 50 денари, а на екстра лесното масло за домаќинство 38,5 денари. Малопродажната цена на мазутот од полноќ ќе изнесува 24,078 денари за литар.

Претходно «
Следно »