ПОСКАПУВА ПАТАРИНАТА: Најавени нови наплатни рампи и нов, поскап систем на наплата!

  • December 3, 2017

До крајот на следната година се очекува да заврши инсталацијата на системот за електронска наплата на патна такса на патарините долж Коридорот 10, вели во интервју за МИА директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов

Китанов смета дека сегашните цени на патарините не треба да имаат корекции и покрај коментарите на граѓаните дека плаќаат многу, а возат по руинирани патишта. Треба да се има предвид и тоа, посочува, дека дел од граѓаните се возат,  а не плаќаат и ќе мора да се стави плаќање и на излез.

– Во  патарините имате затворен и отворен систем. Сега ако се возите од кај Гевгелија и на крстосницата кај Неготино – Кавадарци свртите за Прилеп не плаќате ништо. Сега таму ќе поставиме патарина, возењето  да се плати пресметано за минатата километража. Така е на Запад, изјави за МИА Китанов.

Претходно «
Следно »