ПОСЛЕДИЦИТЕ ВО ЕКОНОМИЈАТА ОД КОРОНАТА НА ПОВИДОК: Угостителите ќе ги одјават работниците, ако владата не ги помогне

  • March 25, 2020
  • Коментари

Бараат субвенционирање на минимална бруто плата за вработените додека траат превентивните мерки, одложување на наплатата на даночни обврски и аконтации во наредните шест месеци,

Угостителите бараат дополнителни мерки од валдата за да можат да ги надминат штетите кои ги предизвикува мерката на владата за нивно затворање. Доколку владата не ги прифати нивните предлози тие, како што рекоа, ќе мора да ги одјават работниците. Тврдат дека сегашните мерки на владата не им ги покриваат трошоците.

– Бараме субвенционирање на минимална бруто плата за вработените додека траат превентивните мерки, одложување на наплатата на даночни обврски и аконтации во наредните шест месеци, замрзнување и репрограм на обврските по кредити и камати како и други доспеани обврски кон банките до завршување на кризата, да профункционира итно и без одложување отворањето на кредитните линии со субвенционирана камата, да не се применува Законот за финансиска дисциплина во наредните три до пет месеци, да има одложено плаќање на сите режиски трошоци до завршување на пандемијата, да нема исклучувања поради неплаќање вода, струја и други основни услуги, како и да не се наплаќа персонален данок и ДДВ за кириите.да исплатиме минимална плата за месец март, да се замрзнат давачките и кредитите и да се субвенционираат ратите на кредитите – рече Мартин Ангеловски од Туристичко угостителската комора при Сојузот на стопански комори.

Угостителите апелираат уште денеска да добијат одговор од владата на нивните барања.

– Уште денеска владата треба да се изјасни за да знаеме дали работниците да ги одјавиме од работа и да можат да аплицираат за други мерки за помош. Ветуваме дека оние кои што ќе ја преживеат оваа криза ќе ги вратиме сите вработени на работа – рекоа од Комората..

Претходно «