August 14, 2020, 11:43 pm

Последните часови на peжимот, за политичкиот пpoгон кон Панчевски известени повеќе амбасади

Поврзано

Македонија означена како високо pизичнa: Американскиот Центар за јавно здравје пpeдупредува да се избегнува патување во Македонија

Американскиот центар за јавно здравје ги предупредува американските државјани да избeгнуваат патување во Македонија. Нашата држава е сместена во нajризичната...

Учебната година нема да започне на први септември…

Заменик-министерката за образование и наука Елизабета Наумовска изјави дека очекуваат пролонгирање на почетокот на учебната година со цел законско...

Костов: Ова е политички театар, Заев покажа отcyство на елементарна политичка култура

Во вечерашната „Само вистина“ на Канал 5 Телевизија, аналитичарот Сотир Костов во однос на целокупната состојба во државата рече...
- Advertisement -

Судијата Владимир Панчевски веројатно беше меѓу првите жртви на режимот, а се започна во 2017-та година кога истражител на СЈО го украде клучот од неговиот стан.

Поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски , тогаш обвини дека при претресот во неговиот дом, истражител од Специјалното јавно обвинителство му го украл клучот. Тој ова тврдење го темелеше врз основа на снимка од надзорна камера во неговиот дом, која ја сподели со медиумите.

Но проблемите за судијата не завршија тука со оглед на фактот што тој отворено се спротивстави на промената на името на државата и на политиките на власта.

Политичкиот прогон кон Панчевски не заврши со згаснувањето на СЈО туку истиот кулминираше кога во екот на политичката кампања кога му беше определен 30 дневен притвор поради тоа што тој наводно не се појавил на едно рочиште.

Неговиот адвокат Петро Јанура обвини за класичен политички прогон поради тоа што при постапката против судијата не се испочитувани низа на законски одредби и судски пракси.

-Изреченото решение за притвор од страна на велешкиот суд спрема мојот клиент е правен преседан од невидени размери кое за првпат се случува во историјата на правосудниот систем и претставува школски пример за политички прогон од страна на власта, користејќи ги судските органи во самиот финиш на политичката кампања.
За првпат во судската практика, судот во Велес донесе решение за притвор за обезбедување на присуство за судење за кое сеуште нема одлука дали тој суд е надлежен да постапува, стои во соопштението на адвокатот на Панчевски.

Понатаму Јанура обвинува дека ова е прва судска постапка во која судот изрекол решение за притвор без да ги поседува списите од предметот.

-Ова е прва судска постапка во која еден суд изрекол решение за притвор без да ги поседува списите од предметот. Ова е единствена судска постапка во која веќе двајца судии од Основниот суд во Велес, како и сите кривични совети при Апелациниот суд Скопје се изземаат од постапување и одбиваат да судат во предмет за кој сметаат дека не се надлежни да постапуваат, вели Јанура.

Значаен е и фактот што Панчевски се уште има судски имунитет и истиот не му е одземен од страна на Судскиот совет.

-Ова е прво експресно решение за притвор на судија без притоа Судскиот совет на РСМ да расправа за одземање на судскиот имунитет на мојот клиент кој се уште не е правосилно разрешен од својата функција, додава тој.

Во предметот е прекршена и досегашната судска пракса со оглед на тоа што не е изречена наредба за стражарно приведување на Панчевски со цел обезбедување на неговото присуство на рочиштето туку веднаш е одредена мерка притвор.

-Но, ова е и прва судска постапка во која судија на кој и бил доделен предметот во работа, за само 7 дена од доделувањето во работа; без да има одлука дали е надлежна да постапува; без да има списи од предмет; без да изврши уредна достава на покана до мојот клиент; без да ја провери неговата достапност до МВР и сето тоа во самиот фотофиниш на политичката предизборна кампања, спротивно на закон носи решение за притвор за обезбедување присуство на судење кое сеуште не е започнато.
Се поставува прашањето зошто ВЕДНАШ е изречена мерката притвор, а не како досегашната законска судска пракса не е изречена наредба за стражарно приведување како би се обезбедило присуството на мојот клиент на закажаното судење, вели тој.

За адвокатот проблематично е и тоа што изрекувањето на мерка притвор се случува во екот на политичка кампања

-Во екот на политичката предизборна кампања, мојот клиент е мета на политички прогон од страна на власта која искористувајќи ги своите влијанија и инсталации во судот во Велес вршат судско – политичка пресметка повредувајќи ги на брутален начин правото на пристап до непристрасен и независен суд, вели Јанура.

И самиот адвокат на Панчевски посочува дека станува збор за политички монтиран случај против судијата.

-Поради тоа што мојот клиент активно се бори да ја докаже својата невиност во овој политички конструиран случај и истиот има интерес да присуствува на закажани судења пред законско легитимно надлежен суд АПЕЛИРАМЕ до судските органи да се отргнат и да се спротистават на политичкото влијание на власта со што ќе постапуваат исклучиво по закон, а протизаконското решение за притвор ќе го укинат, додава тој.

За крај тој потенцираше дека за криминалното однесување на властите на прогонот се известени и неколку амбасади.

-Соопштуваме дека за ваквото криминално однесување на властите на прогонот се известени Амбасадата на САД и Амбасадата на Франција, истакна адвокатот.

 

Latest News

Македонија означена како високо pизичнa: Американскиот Центар за јавно здравје пpeдупредува да се избегнува патување во Македонија

Американскиот центар за јавно здравје ги предупредува американските државјани да избeгнуваат патување во Македонија. Нашата држава е сместена во нajризичната...

„Нoж во гpб за сите муслимани“: Турција и Иран со оcтра реакција за мировниот договор меѓу Обединетите Арапски Емирати и Израел

Турција и Иран денес остро го осудија регионалниот ривал на Обединетите Арапски Емирати за нејзината одлука за нормализирање на дипломатските односи со Израел и...

Колку заработува Путин?

Рускиот претседател Владимир Путин заработи 133.400 долари во 2019 година, а премиерот Михаил Мишустин 249.700 долари, според официјалните податоци објавени на веб-страницата на...

Шaмар за САД: Чешка oдби распоредување на американските трупи на нејзината територија

Чешките власти не гледаат причина за распоредување американски воojници во нивната земја, им рече на чешкиот премиер Андреј Бабиќ пред новинарите пред почетокот на...

(Видео) Ekcплодираше склад за оpyжје во суданскиот главен град Картум

Силна еkcплозија одекна вечерва во складиште со opyжје во суданскиот главен град Картум, соопшти суданското Министерство за внатрешни работи, додавајќи дека досега нема извештаи...

More Articles Like This