Посни линцер колачиња со мармалад со кои ќе ја донесете пролетта на вашата трпеза

Поврзано

За него нема kpиза: Богатството на Марк Закерберг се зголеми на 100 милијарди долари

Богатството на основачот на Фејсбук, Марк Закерберг, порасна на 100 милијарди американски долари откако социјалната мрежа започна нова услуга...

Соларна точка со големина на Марс се врти кон Земјата

Голема соларна точка се врти кон нашата планета и тоа може да предизвика масовни соларни корони. Соларната точка со име...

(Видео) Поставила камера во собата на нејзиното бeбe – Hе можела да им верува на oчитe

Бокcepот Брут и момчето Фин, кое нема ниту 2 години, се најдобри пријатели. Фин не може да се оддели...
- Advertisement -

Неодоливо ровки, со мирисни ноти на печени бадеми, споени со овошен мармалад и поросени со тенок слој шеќер во прав… линцер колачињата ќе станат константа во вашиот готварски репертоар.


Слатките „сендвич“ колачиња се класика и претставуваат нов облик на познатата Линцер торта, именувана по австрискиот град Линц. Се подготвуваат едноставно, а се совршен десерт додека се релаксирате со шолја кафе или чај.

За време на велигденските пости, ви нудиме посна верзија, за да се почестите со превкусни колачиња кои пролетно ќе ви ја разубават трпезата.

Линцер колачи
СОСТОЈКИ
220 гр маргарин (на собна температура)

½ шолја шеќер

2½ шолји брашно

120 грама бадеми

1 мала лажичка екстракт од ванила

1 мала лажичка прашок за печиво

½ лажичка цимет

прстофат сол

шеќер во прав

Витаминка мармалад (јагода, кајсија, праска) со вкус по желба

ПОДГОТОВКА
Загрејте ја рерната на 180°C. Ставете ги бадемите во тава и печете ги 8-10 минути, односно додека не почувствувате примамлива арома на печени јатки. Откако ќе оладат, иситнете ги во сецко. Неопходно е смесата да наликува на песок.
Во длабок сад, изматете го маргаринот со шеќерот и екстрактот од ванила.

Додајте ги брашното, иситнетите бадеми, циметот, прашокот за печиво и солта. Внимателно матете или месете за сите состојки добро да се соединат.

Добиеното тесто обликувајте го во форма на диск, обвијте го со најлонска фолија и оставете го во фрижидер најмалку 30 минути.
Исукајте дел од тестото. Препорачливо е дебелината да биде 3 милиметри. Доколку тестото е лепливо, користете дополнително брашно, а во случај да е суво и премногу да распукува, додајте малку вода.

Со помош на модли оформете колачиња. На половината од нив, со помала модла, направете им дупка во центарот.
Наредете ги колачињата врз хартија за печење во тава. За да ја задржат убавата форма, пред да ги печете, ставете ги 15-30 минути во фрижидер.

Печете ги колачињата околу 10 минути на 180°C додека минимално не поруменат на рабовите. Оставете ги печените колачи да оладат.
Врз колачите без дупки во средината премачкајте мармалад. Наш избор беа мармаладите од јагода, кајсија и праска на Витаминка.
Продупчените колачи поросете ги со слој шеќер во прав.

Спојте ги колачите како сендвичи. Во зависност од големината на модлите, можете да очекувате околу 30-40 колачиња.

Latest News

Кoрoнaвиpycот се шиpи во Гepoнтoлoшкитe цeнтpи – Во Ниш yaпceн директорот, во Скопје никој не oдгoвapa

Членови на Министерството за внатрешни работи во Ниш, во соработка со Агенцијата за безбедност и Јавното обвинителство во овој...

Две жeни цел мeceц живeaт на yлицa во скопски Капиштец: Имаат здpaвcтвeни пpoблeми, а нема кој да им пoмoгнe

Во скопски Капиштец има две бездомни жени, од кои едната е на 90 години, другата околу 60 години и можно е да има психолошки...

Житeл на Могила со пpocтpeлнa paнa однeceн во бoлницa

На 07.08.2020 во 21:30 часот С.Н.(61) од с.Могила му се јавил на З.К.(47) од истото село кој во тој момент бил заедно со Д.А.(37)...

УХМР пoвтopнo пpeдyпpeдувa – Попладне останeтe дома, нeвpeмe доаѓа во Македонија

Управата за хидрометеоролошки работи предупредува дека попладне, како и во вечерните и ноќните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер,...

Ристески: Денес е тaжeн дeн за Македонија, за ceмeјcтвaта на зaгинaтитe, за сите нас, ден на вeчнa тaгa и нeпpeбoл, на гордост и нeпoкop

Поранешниот градоначалник на Прилеп Марјан Ристески преку статус на Фејсбук им оддаде почит на трагично загинатите војници кај местото Карпалак пред точно 19 години...

More Articles Like This