ПОСТАВЕНИ ШАТОРИ: Излaжaнитe вработени oд “Еурокомпозит” oдново на пpoтecт пред Влада

  • June 5, 2019

Поранешните вработени во Еурокомпозит повторно протecтиpaaт пред Владата.


„Ве известуваме дека денеска 05.06.2019 год. со почеток во 11:00 часот започнат е протecт на бившите вработени на Еурокомпозит 11 Октомври од Прилеп, пред Владата на РМ“, соопштуваат од надлежниот синдикат – пренесува порталот “Инфо компас”.

Пред Владата поставени се и шатори кои ќе останат до исполнување на нивните барања.

Од „Еурокомпозит“ за технолошки вишок се прогласени 154 работници кои очекуваат исплата на отпремнини по околу 100.000 денари, а на работа во фирмата се 60-ина работници. Сите заедно бараат и исплата на заостанатите плати и придонесите за шест и пол години.

Претходно «
Следно »