October 29, 2020, 12:25 pm

Поставен е климатски часовник кој потсетува колку време ни останува да ја спасиме планетата Земја

Поврзано

“Aмaзoн” пpeд пpaзницитe ќe вpaбoти 100.000 ceзoнcки paбoтници

Американската компанија Амазон соопшти дека врабоптила 100.000 луѓе на одредено време поради пораст на нарачките преку интернет пред ноемвриските...

Hapko-кapтeлитe вo Мексико пpaвaт “пapтaли”: Пpoнajдeни 59 тajнo зaкoпaни тeлa

Остатоците од 59 тела беа откриени во тајно ископани јами во државата Гуанахуато во централен Мексико, кој бележи голема...

3aгинa пилот oткако се ypнa тајвански вoeн авион

Тајвански вoeн авион Ф-5Е утрово се ypна за време на тренажен лет, соопшти Министерството за одбрaна. Авионот се ypна во...
- Advertisement -

Бројачот што секој ден ќе нè потсетува дека времето на нашата планета истекува се наоѓа во Њујорк – на местото на познатата уметничка инсталација „Метроном“ на Менхетен, најгусто населената урбана област што се смета за економски и културен центар во цел САД. Според предупредувачката порака што ја испраќаат, броевите на дигиталниот бројач се црвени.

Со оглед на тоа што жителите на Њујорк не ја сносат целата вина за покачувањето на температурата и не треба да бидат единствените што можат да сторат повеќе во борбата против глобалното затоплување, климатскиот часовник може да се види и да се пристапи до него од каде било во светот, во кое било време, на веб страницата Climate Clock.

Климатскиот часовник е создаден во соработка со уметници, научници и активисти, а негови креатори се Ган Голан и Ендру Бојд, пишува порталот Клима 101.

Часовникот во Њујорк е виден на 21 септември. Тимот кој стои зад овој проект сè уште ја бара неговата постојана адреса на живеење и тој се надева дека неговите клонови ќе се појават во многу градови со цел да се интензивира ефектот.

Земјата има ограничен буџет за јаглерод. Со цел да се избегне катастрофално сценарио – поплави, суши, глад, миграции, вооружени конфликти поради недостаток на ресурси и страдања, можеме да потрошиме само уште околу 306,5 милијарди јаглерод. Ако се држиме до тоа, нема да го надминеме критичниот праг на пораст на температурата од 1,5 степени Целзиусови.

За да се продолжи животниот век на планетата, потребно е:

– Да произведуваме повеќе енергија од обновливи извори и да ја намалуваме потрошувачката на фосилни горива,

– Да ги повикуваме властите да ја поддржат транзицијата на зелената енергија,

– Треба повеќе да пешачиме, возиме велосипед, користиме јавен превоз или се движиме „на струја“,

– Да избегнуваме да патуваме со авион,

– Да садиме дрвја,

– Да штедиме,

– Да ја зголемуваме енергетската ефикасност и на јавните згради и во приватните домови,

– Да правиме избори на потрошувачи што се помалку штетни за природата и општеството,

– Да бидеме поодговорни „цимери“ кон животните и растенијата,

– Да јадеме локално произведена храна и да го намалуваме внесувањето месо и млеко (или целосно ги елиминираме),

– Да расчистиме по себе, наместо да валкаме,

– Да ја зазелениме свеста на оние кои живеат потполно несвесни за мрачната ситуација во која се наоѓа човештвото

Да ги синхронизираме нашите часовници со Земјата!

Latest News

Peномираниот Фopин полиcи: Heпростлив е moлкот на САД околу зakaните на Бугарија кон С. Македонија

Фокусот на Администрацијата на Трамп на решавање економски прашања на Балканот и замижувањето кон политичките, придонесе за влошување на...

КОГА ВОДИТЕЛКА ТРЕБА ДА ПРОЧИТА МЕНХЕНГЛАДБАХ

Не дека е лесно за водителка што првпат во живот го среќава клубот Борусија Менхенгдладбах и треба да го прочита во спортски вести, ама...

Kpитичнo во Италија: Пoчитyвaњe нa мepкитe или кapaнтин

Во последните 24 часа во Италија се евидентирани повеќе од 25 илјади новоинфицирани со коронавирус, а тестирани се 198 илјади лица, пишува агенцијата Анса....

ГРАЃАНИТЕ ЌЕ ОСТАНАТ БЕЗ ТЕЛЕВИЗИЈА СРЕДЕ КОВИД КРИЗА АКО ВЛАСТА ИЛИ УСТАВНИОТ СУД НЕ ГО РЕШАТ ПPOБЛЕМОТ СО ЗАКОНОТ ЗА МЕДИУМИ, ПРЕДУПPEДУВААТ ОПEPAТОРИТЕ

Здружението на ИКТ при Стопанската комора на Македонија, каде што членуваат сите оператори, предупредува дека сè уште не е решен проблемот со спорниот Закон...

Kaко пpaви дpyгари: По Jaнчев и 3aeв со полноќeн коментap за „пaднaтитe од Мapc“

Ноќеска на половина час пред полноќ премиерот Заев објави твит на својот Твитер профил кој е нејасен и не може со сигурност да се...

More Articles Like This