ПОСТОИ НАПРАВА КОЈА ПРЕДУПРЕДУВА ПРЕД ДА СЕ СЛУЧИ ЗЕМЈОТРЕСОТ: 10-30 секунди пред тресењето оваа направа предупредува!

  • February 2, 2018

Тајванскиот научник Ву Ји-Мин направи апарат, направа која во иднина би можела да спаси многу човечки животи, затоа што овозможува регистрирање на земјотрес пред да се случи.

naprava_zemjotres

Направата функционира на тој начин што реагира на т.н. хоризонтални, С – бранови кои се јавуваат при сеизмички активности во длабочината на земјата.

Регистрирајќи ги овие бранови, напrавата предупредува дека за 10 – 30 секунди ќе има земјотрес, пред да се случи големиот удар.

Тој временски период е повеќе од доволен за луѓето да можат да излезат од затворени простории и на тој начин да се спречат големи катастрофи.

Справата е веќе тестирана во Калифонија каде е утврдено дека регистрирањето на С-брановите е успешно, а кога справата би се поврзала во компјутерска мрежа, тогаш резултатите од предупредувањето можат да се пренесат на голем број на луѓе, на глобално ниво.

Ву Ји-Мин во иднина планира и производство на подвижни уреди кои ќе регистрираат земјотреси, а би работеле независно од сеизмолошката служба.

Претходно «
Следно »