Поткyп на гласачи, притиcoци врз администрација во режија на Љупчо Николовски и градоначалникот на Паланка

Поврзано

- Advertisement -

Притисоци и мобинг врз администрацијата, поткуп на гласачи во Општинската организација на СДСМ Крива Паланка. Во главна улога се најдоа градоначалникот Борјанчо Мицевски и Генералниот Секретар на СДСМ, Љупчо Николовски кои според споделените фотоградии на Твитер нарачувале следење на вработени во администрацијата, а поради објавен текст Николовски спроведувал реваншизам и деградирање на вработен во Влада.

На првиот скриншот се гледа разговор помеѓу Љупчо Николовски, поранешен министер за земјоделство и генерален секретар на СДСМ со Сашко Митовски, шеф на изборен штаб во СДСМ Крива Паланка на кој јасно се гледа дека му се одзема државно земјиште под концесија што го користи Емил Јакимовски – Гусар, како и дека неговиот брат е спуштен на најниско ниво, вработен во Влада на РМ поради тоа што на веб сајт кој е во нивна сопственост бил споделен текст кој е негативен за Николовски.

Во друиот скриншот пак се гледа разговор помеѓу градоначалникот Борјанчо Мицевски и неговиот внук Сашко Митовски кој е актуелен шеф на изборниот штаб на СДСМ во Крива Паланка, на кој се гледа како прават план за следење на двајца вработени во Општина Крива Паланка (Стевче и Коста), до толку се отидени што сакаат да најдат човек кој ќе ги намести да им даде мито за да бидат избркани од работа, на што градоначалникот вели дека доколку Сашко Митовски најде луѓе тој лично ке им плати.

На последниот скриншот се гледа разговор помеѓу Сашко Митовски шеф на изборниот штаб на СДСМ во Крива Паланка и Новица Груевски, активист на СДСМ и вработен во УЈП Крива Паланка. Во разговорот се гледа како Сашко Митовски разговарал со служителот од Црквена Маала за да договорат да му платат 200 евра за 10 гласа исто како што направиле и за претходните избори.

Latest News

Брнабиќ: ЕУ постави опaceн преседан со билатералните прашања кои немаат никаква врска со европските интeграции

Постои опасен преседан кога станува збор за билатералните прашања, изјави српската премиерка Ана Брнабиќ по вчерашната меѓувладина конференција со...

More Articles Like This