ПОТРЕБНА Е ТЕМЕЛНА РЕФОРМА НА МАНУ: Камбовски и Фити ги нема во светската научна мисла

  • October 17, 2016

Владо Камбовски како поранешен прв човек на МАНУ и Таки Фити како актуелен претседател на Академијата, никаде ги нема во светската научна мисла.

kambovski-fiti

Најцитиран македонски научник е Љупчо Коцарев, вкупно 3500 пати. Веднаш зад него е научникот Ѓорѓи Ефремов, цитиран 3400 пати. Следува со 3000 цитирања Горазд Росоклија, кој бележи успешен раст поради четирите научни откритија.

Научниците од МАНУ, особено челниците, никаде ги нема на оваа висока листа.

Се отвора потребата за неопходна реформа во МАНУ. Упатените посочуваат дека треба да се кренат критериумите за влез во Македонската академија на науки и уметности.

Во Република Македонија постои МАНУ цели 49 години. Зачленувањето во МАНУ има многу ниски и лабави критериуми. Некои научни работници членови на МАНУ се меѓународно конкурентни, а тоа во светската наука се препознава преку прифатени и објавени нивни научни трудови во списание со висок фактор на влијание. Најеминентно во светот вакво списание е Томсон Ројтерс, а второ најеминентно, но далеку зад првото е Скопус, пишува пратеникот Драган Данев на Фејсбук. Тој потенцира дека Камбовски и Фити во Македонија беседат и се претставуваат како величини, а надвор во научната фела никаде ги нема.

d-danev

“Втор значаен критериум за оценување на успешноста на еден научник е според бројот на цитати на нивните објавени трудови во такви списанија со висок фактор на влијание. Има и други параметри, како учество на највлијателните конференции во различните области како предавачи и слично, но овие две се најважните. Преку овие параметри се преставува еден научник. Неговите трудови од ваков вид се неговата лична карта, затоа што за да ви се објави труд во списание со висок фактор на влијание, освен што ќе го напишете и испратите, треба да ви го одобри и борд на врвни светски научници кои се платени да го читаат и оценат тој труд и кои кажуваат дали вреди или не вреди. Ако не вреди не се дава согласност да се издаде во тоа списание, независно кој го напишал и од која земја е, каква функција има или титула.

И добро е, што иако во помал број, вакви членови има во МАНУ.

Во МАНУ има и втора група членови кои или воопшто немаат свои трудови во вакви списанија, па консеквентно на тоа немаат ни цитати, или имаат во многу мал број, на пример едно или две, а станале академици на наука во нашето МАНУ. Академик е врвен дострел и признание за еден научник во секоја земја, и академици стануваат најдобрите од сите научници, одредени по горните критериуми. Секаде, освен во Македонија.

Како е можно да се стане академик во Македонија, а да се биде меѓународно научно не препознатлив согласно горенаведените меѓународни критериуми?

Оваа уникатна можност која ја има само во Македонија ќе ја објаснам преку два примера, преку два лика: Таки Фити актуелен претседател на МАНУ и Владимир Камбовски поранешен претседател на МАНУ.

Овие двајца луѓе во нивните науки заради кои барем формално станале академици ги нема никаде надвор од Македонија, и пред се ги нема во светската научна мисла. Со други зборови, ако треба да се престават пред некој светски признат научник во нивните области, тие имаат празна лична карта, празно CV.

Тие немаат ниту по еден труд во списание со фактор на влијание како Томсон Ројтерс на пример, а бидејќи немаат таков труд нема ни што нивно да се цитира. Значи таму каде треба да се покажат и докажат ги нема, не постојат. Тотално непознати.
Како и се друго, во денешно време науката е глобализирана. Во светот на научниците, нема македонски или француски научници, бугарски или американски. Или си научник, или не си. Делата, и споменатите трудови го определуваат тоа се друго е второстепено и нерелевантно од аспект на наука.
Но, овие два егземплари, успеале преку политиката, партиите, министерските функции, медиумски настапи за се и сешто освен за нивната наука, со јасно заземена политичка страна во земјата, преку лактање и лобирање да се доберат не само до титулата академик на наука која не ја заслужиле со ништо меѓународно признато научно, туку успеале и да станат претседатели на сите академици во Македонија.
Ова затоа што прво, во нашиот закон за МАНУ нема високи критериуми за тоа кој може да е член и Претседател на МАНУ, а тоа да е засновано на меѓународно прифатливи стандарди. И второ, затоа што овие две лица немаат срам.

Кај нас безмалку секој професор кој завршил докторски студии и напишал неколку книги за студенти, и издал неколку труда во македонски или меѓународни списанија кои врвната научна мисла не ги познава, се смета за научник и може да стане академик, па дури и Претседател на академија. Таквите професори во развиените земји се викаат предавачи (teachers), и имаат можност да им држат предавања на студентите испроведуваат испити, но немаат статус на scients (научници), за кои има други повисоки и различни критериуми односно кои треба зад себе да имаат сериозни научни дела признаени од светската наука преку објавите на тие дела во списанија со импакт фактор и нивни цитирања.

Не е воопшто срамота да е некој професор предавач ако тоа квалитетно го прави. Има многу такви, и многу ценети и одлично платени и барани. Но, е срамота и незамисливо ако истиот лажно се прикажува за научник, како нашите локални величини Таки Фити и Владо Камбовски.

Но, примерот со овие два снаодливи типа покажува, дека колку повеќе не ги бива за наука, толку повеќе сакаат својата слабост во науката да ја надокнадат со мешање во политика, критики на министри за се и сешто, омаловажувања на туѓиот труд, прикажувајќи се како експерти за се и сешто, присуство во медиумите никогаш на научна тема, и секогаш на тема политика, учество во работни групи за правење закони каде се зема хонорар, секаде добро вмрежени политички, медиумски, социјално, партиски, институционално и слични слики и прилики, каде обичниот народ кој не е во светот на науката треба да сфати дека не само што се врвни научници заради што и станале академици, туку се такви мудреци што постојано се на некој медиум и постојано наоѓаат некои слабости во системот.

Овие две лажни величини, едниот локален професор предавач по економија, а другиот локален професор предавач по право, беседеа на тема дека оваа власт го уназадувала образованието со законските предлози.

А знаете ли зошто така мислат? Многу едноставно: бидејќи со законските предлози на власта овие двајца не би можеле да исполнат критериуми за обичен професор или дури не и за асистент, а најмалку за академик или претседател на МАНУ.

Мој личен став дека треба да се донесе нов закон за МАНУ, според кој во иднина во МАНУ ќе можат да станатчленови само научници кои преку објавени трудови во меѓународно признаени списанија со највисок импакт фактор им биле прифатени и објавени нивни трудови. Со тоа времето на блефери и лажни научници, локални величини без реална поткрепа, како Таки Фити и Владо Камбовски ќе заврши, и ќе започне нова ера во историјата на МАНУ. Ера во која најспособните меѓународно конкуретни и прифатени научници од Македонијаќе стануваат членови на МАНУ, токму оние од кои Фити и Камбовски најмногу се плашат, и токму оние кои со ретки исклучоци имаат најмногу бариери и се најнепожелни за членство од мнозинството во МАНУ кое одлучува за нови членови.

Секоја чест на академиците кои имаат успеси во повеќе сфери: историчари,писатели, уметници, доктори,генетицари..
И на крај дали некој може да се сети на барем еден научен проект на овие двајца и дали некој може да се сети на барем едно дело од овие двајца додека беа министри. Камбовски е познат по тоа што чест гостин кај него е извесен Албанец познат во албанското подземје и од неговата канцеларија вртат за ургенции за него секаде, аТаки Фити е дел од мрачната транзиција и приватизација која освен што го покажува неговото незнаење како економист, туку и ги покажува јасно неговите морални вредности, а да не зборуваме за безбројните афери со книги, уцени за оценки и слично. Камбовски повеќе време троши на тоа неговата фризура да делува сериозно со седата коса и бавно говорење,отколку да објави некое дело како шеф на одделот за стратешки истражувања при МАНУ.

Дали некој може да се сети еден таков оддел што објавил и каква полза има Македонија од нив? Ништо.„-завршува во својот Фејсбук статус Драган Данев.

Претходно «
Следно »