ПОУЧНА ПРИКАЗНА:Снаа и свекрва

Поврзано

Со чартер лет од Лондон денеска се враќаат македонски државјани од Велика Британија

Со авионски превоз Лондон-Скопје организиран од Владата, денеска попладне во земјaва треба да се врати нова група наши државјани...

ЗА КАКВА СОЛИДАРНОСТ ЗБОРУВАМЕ?: Платите од неколку илјади евра остануваат нечепнати, ќе кратат од тие што земаат 400 евра

Околу 100.000 семејства ќе бидат погoдени од мерката за кратење на плати во администрација со што средната класа ќе...

АРМАНИ: “Дизајнерите ја cилувaaт модерната жена”

Светски познатиот италијански моден дизајнер Џорџо Армани смета дека модната индустрија ја „силyвa“ модерната жена со cekсуално ориентираниот маркетинг,...

Девојката Лили се омажила и отишла да живее кај својот сопруг и неговата мајка. За кратко време Лили сфатила дека не може да живее во мир со својата свекрва.

Лили и нејзината свекрва не престанувале со кавги и расправии. А фактот дека Лили, според древниот кинески обичај морала да се покорува, уште повеќе ја отежнувало состојбата.

Поради овие кавги и неслога во домот, мажот ужасно страдал.

На крај, Лили повеќе немала сила да го издржи лошиот карактер на свекрвата, па решила што побрзо да направи нешто.

Отишла кај еден познат билкар. Му ја раскажала ситуацијата и побарала да и продаде отров, за да може да го реши проблемот.

Човекот се замислил и рекол: “Лили, ќе ти помогнам да го решиш својот проблем, но мора добро да ме сослушаш и да го направиш она што ќе ти кажам“. Лили прифатила.

“Можеш да употребиш отров кој брзо делува, но тоа ќе предизвика сомнеж кај луѓето. Затоа еве ти повеќе чајеви кои полека ќе го трујат нејзиниот организам. Секој втор ден треба да правиш вкусен оброк, во кој ќе додадеш од овие тревки. Сепак, мора да внимаваш никој да не се посомнева во тебе кога ќе умре, па затоа мора да бидеш внимателна и да го смениш однесувањето кон неа, биди љубезна. Немој да се караш, попуштај, слушај ја како да е кралица.“

Лили била пресреќна. Се заблагодарила и поитала дома за што побрзо да започне со нејзиниот план за убиство. Поминале седмици, месеци…Лили секој ден и сервирала на свекрвата вкусен оброк зачинет со тревки. Цело време на ум ги имала зборовите на билкарот кој и нагласи дека мора да го избегне сомнежот и затоа мора да биде многу љубезна кон свекрвата.

После 6 месеци атмосферата во домот била многу поинаква.

Лили научила толку добро да се контролира, што повеќе не се лутела ни била нервозна. Немала ни една причина за тоа од страна на свекрвата во последните 6 месеци. Свекрвата била многу понежна, па обостраното разбирање навистина се забележувало. Нејзиното однесување кон Лили се сменило, па дури почнала да ја сака како родена ќерка.

Лили и нејзината свекрва сега се однесувале како мајка и ќерка.

Лили еден ден отишла повторно кај билкарот и го замолила за помош. Барала од него лек за да го спречи отровот. Таа е сега прекрасна жена и ја сакам како мајка, рекла Лили. Не сакам да умре од отровот што и го давав.

Билкарот и одговорил: “Никогаш не сум ти дал отров. Тоа беа витимани кои го подобрија нејзиното здравје. Единствениот отров беше во твоите мисли, но сега и тоа го нема!“

Во Кина се вели: Човекот што ги сака другите, е човек што е сакан од другите!

Актуелно

(Аудио) Вице Заев и екипата купуваат гласови во Струмица?

Веќе проверената технологија на купување на гласои за која читавме и слушавме на снимка што ја објави италијанскиот весник...

Се огласи поранешниот воџа на „Koмитите“ за операцијата Атлантик: Жути никогаш не наведнал и нема да наведни кичма како тебе „Кико“

Љупчо Палевски попладнево на прес конференција со јавноста сподели документи и докази за следење на македонски граѓани поради наводен домашен тероризам, поточно македонски екстремизам....

(Видео) Следете во живо: Христијан Мицкоски на средба со жителите на Свети Николе

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари средба со жителите на Свети Николе. Проследете го во живо неговото обраќање: https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/602440627318143/

(Документи) Митовски: Ова е тepористичка држава

Во Македонија се прислушкувале новинари, политичари и активисти на движење кое било против референдум на кој требаше да се легитимира промената на името. За...

120 нови случаи на Koвид 19 во Македонија

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1367 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-63, Куманово-4,...

Повеќе вести