ПОЧЕТОК НА ГРЕЈНАТА СЕЗОНА, А ПМ10 ЧЕСТИЧКИТЕ ВЕЌЕ 10 ПАТИ НАД ДОЗВОЛЕНОТО: Скопје, Тетово, Гостивар, Кавадарци со алармантни бројки уште на почетокот

Поврзано

ПОВТОРНО ИМА ЗAPAЗЕН: Koроната се врати во Дебар

По 48 дена во Дебар повторно има пациент позитивен на Ковид 19, потврди градоначалникот Хекуран Дука за „Фокус“. Тој вели...

ДОЈРАНЧАНИ ВО ПАНИКА-ВО ГРАДОТ ПРИСТИГНАЛЕ 15 ИЛЈАДИ ПОСЕТИТЕЛИ: Се случува максимално непочитување на мерките

Ни се случува максимално непочитување на мерките, ова е нешто невидено досега во Дојран, откако вчера во градот дојдоа...

ЗАЕВ МУ СЕ НАЛУТИ НА АХМЕТИ: Јас сум кандидат за премиер, ако тоа е условот на ДУИ нема коалиција

Во нашата земја мандатар за претседател на Влада може да биде секој граѓанин кој ќе обезбеди поддршка од најмалку...

Со десет пати над дозволената граница беа деновиве штетните ПМ 10 честички во Кавадарци, Гостивар, Тетово, Бутел и Центар.

Граѓаните се гушат уште на самиот почеток на грејната сезона. Досега најгласни поборници за чист воздух беа жителите на најзагадените општини Гази Баба и Аеродром, но тие подолг период се неинформирани бидејќи нема како да биде утврдена состојбата со загаденоста.

Револтирани се и граѓанските активисти, кои велат дека голем дел од барањата за справување со загаденоста што ги ветувале градоначалниците пред локалните изабори не биле ниту разгледани а камоли да ги спроведат на терен. Од О2 коалицијата реагираат дека е непопуларна мерка нефункционирањето на мерни станици.

-Ќе кажам дека е иронична мерка граѓаните да бидат неинформирани за загаденоста а тоа е да не работат мерните станици. Дел од нашите барања беа и интегрираните дозволи, односно надлежните да излезат на терен и да ги лоцираат големите загадувачи, како и да бидат исклучени од сообраќај возилата кои се под ЕУ стандардите – вели Драгана Велковска од О2 коалицијата.

Што работат на терен и како ќе го намалат загадувањето на воздухот став побаравме и од Министерството за животна средина, но не добивме одговор. Граѓанските организации покрај комуникацијата со надлежните за подобрување на состојбата, не ја исклучуваат и можноста за протест.

-Ние работиме и постојано сме активни, но ако треба и протест како мерка или притисок за нешто да биде преземено – вели Велковска.

И додека надлежните молчат, граѓаните се револтирани што неможат да отворат прозор за да влезе чист воздух. Покрај возрасните гласни се и децата на кои загаденоста им ја скратува детската игра.

И граѓаните и невладините организации се надеваат дека надлежните ќе почнат да работат на терен и Скопје повеќе да не биде најзагаден град во Европа. Во меѓувреме, и лекарите алармираат загадениот воздух може да предизвика сериозни компликации и кај децата и кај возрасните.

Актуелно

КАТАСТРОФА: 177 нови случаи на коронавирус во Македонија!

Во последните 24 часа регистрирани се 177 нови случаи на заболени од Ковид-19. Резултатот е добиен по изработени 1245...

МАКЕДОНИЈА КАКО АФРИЧКА ЗЕМЈА ПО БРОЈОТ НА НOВOЗAРAЗEНИ ДЕНЕС: Канал 5 јавува за нови 160 cлyчaи

Нашиот извор кој сака да остане анонимен а е од здравствениот систем вели дека и самите работници се вчудоневидени од растот на бројките на...

МИТОВСКИ ДО ФИЛИПЧЕ: Ќе одговараш за намерно ширење на заразата и неодговорно работење

Венко, мислиш дека ако бегаш од одговори на нормални новинарски прашања ќе ја избегнеш одговорноста или се надеваш дека ако не одговараш барем нема...

(Видео) НЕ ТЕРААТ ДА ГЛАСАМЕ ПА МАКАР И УМPEЛЕ: Граѓаните нeзaдоволни од кapантинот и досегашната работа на Филипче, наместо здравје тераат политика!

Граѓаните ги користат последните неколку часа пред започнувањето на полицискиот час за да ги испазарат потребните намирници. На градскиот пазар во Скопје имаше повеќе...

СРЕДЕ ПАНДЕМИЈА: Жбогар ни порача дека мораме да ги решиме сите прашања со Бугарија, ама за датум не е сигурен

Преговарачаката рамка се уште не е финализирана и не претставува јавен документ и затоа не можам да зборувам за тоа што ќе биде внатре....

Повеќе вести