ПОЧНА ДА СЕ СПРЕМА АТЕНТАТ ВРЗ ТРАМП: Новинарка на „Гардијан“ и „Њујорк Тајмс“ преку Твитер повика да се изврши атентат врз Трамп!

  • November 11, 2016

Новинар во весникот „Гардијан“, преку Твитер повика на извршување на атентат врз Трамп, а набрзо потоа ја избриша објавата
tramp_slika

„Време е за претседателски атентат“, напиша Мониша Раџеш во својата Твитер објава до нејзиниот колега Марк О`Флахерти. Тој пак одговорил со „хахааа-тоа е се за што зборуваме во последниот час“.
atentat_tramp

Раџеш е слободен новинар кој пишува за „Гардијан“ но и за ред други големи весници во Велика Британија, но и во Њујорк Тајмс. О`Флахерти е новинар во „Фајненшл Тајмс“, „Сандеј Тајмс“ како и други помали весници.

Заканување на претседателот на САД е кривично дело во Америка, но за да се исполнат условите за кривично гонење, заканата треба да се интерпретира како декларација за намера да се изврши заканата.
Комичари, скеч артисти, но и други јавни личности редовно шпекулираат за атентат врз претседателот или сугерираат дека нешто такво посакуваат да се случи без притоа да демонстрираат било каква намера, со што се заштитени според правата на слободен говор.

Последниот убиен претседател на САД е Џон Ф. Кенеди во 1963 година.

Претходно «
Следно »