ПОЧНА НЕВРЕМЕТО: Следете во живо каде има најмногу грмежи и останете дома!

  • August 22, 2016

Во главниот град пред десетина минути заврна. Врнежите се проследени со силни електирчни празнења. Метеорологот на iNFOMAX.mk Славчо Попоски предупреди и најави за денеска дека доаѓа силно невреме.

grmezi!

Во последните прогнози за iNFOMAX.mk, Поповски соопшти дека од пладневните часови територијата на Македонија ќе биде зафатена од влажна и многу нестабилна воздушна маса која се спушта од Северозапад. Освен Поповски, УХМР и официјално соопштува дека се развива нестабилно време, и дека се препорачува претпазливост.

Поради тоа од пладневните часови на повеќе места ќе се развива нестабилна облачност проследена со пороен дожд , силни грмежи и засилен ветер.
Локално процесите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд , силен ветер , силни електрични празнења и град.
Температурата ќе се движи од 30 до 37 степени. Доцна попладне и навечер температурите значително ќе опаѓаат поради спуштањето на студена воздушна маса од север.
Во случај на електрични празнења да не се престојува на отворен простор и дрвја.

На овој ЛИНК може да следите во живо каде во моментот има највеќе грмежи!

Претходно «
Следно »