ПОЧНА СВЕДОЧЕЊЕТО ОБВИНЕТИОТ НИНЏА :ВО УБК МЕ АНГАЖИРАШЕ ГРУЈЕВСКИ, А ПОТОА МУ БЕВ ОЧИ И УШИ НА БОШКОСКИ

  • December 6, 2018

Обвинетиот Александар Василевски – Нинџа утринава ја почна својата одбрана на судењето за организираниот напад во Собранието на 27 април лани, објаснувајќи каква улога имал во Управата за безбедност и контраразузнавање. Почна од 2015 година, кога бил ангажиран од тогашниот началник на Петтата управа Горан Грујевски, сега избеган во Грција.

„Горан Грујевски, началникот на Петтата управа во 2015 година ми го даде псевдонимот Самурај. Служеше за распознавање на одредени задачи во службата. Во одделот за оперативна техника и прикриени операции, попозната како Петта управа. Во 2015 година во екот на политичката криза кога Заев почна да ги објавува бомб ите бев ангажиран од УБК. За мојот претпоставен Грујевски требаше да разузнавам за таргети што ги одредуваше. За зачувување на уставниот поредок беа.
Во 2015 кога ме ангажираа, им кажав дека имам 3 степен средно во ’Коце Металец‘. За трајно вработување ми требаше уште една година. Се запишав во средно ’Нова гимназија‘ на ФОН. Имав легитимација на УБК. Ми дадоа пишт ол магнум 38 специјал агент. И радиостаница со 16 канали. Ја слушав комуникацијата на тајната служ ба. Беше на канал 3, со шифра 600. Тогаш ми дадоа насока да се приближам на мојот братучед Влатко Пановски – Типе, зашто имало информации дека работел за српски тајни служби. УБК имаше постојани информации за него.“, сведочеше Нинџа, еден од 33-цата обвинети за терор истичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Следната година, Нинџа работел за Никола Бошкоски, кој, како што кажа обвинетиот, го наследил Грујевски. И Бошкоски е избеган во Грција, заедно со Грујевски.

„Ми рекоа во 2016 година да бидам очи и уши на Никола Бошковски. Тој го наследи Горан Грујевски. Грујевски, иако беше тргнат од функцијата, беше нејзина сенка и глава. Кога ми ги даде пиштолот и опремата, тоа се случи во база Прест. Пред да ми ја даде опремата, ме однесе во објект што беше државна тајна“, кажа Нинџа.

Судот тука не даде дозвола да се изнесуваат детали за тој објект.

„Во 2016 година, кога почнаа истрагите на СЈО, Бошкоски беше во голема депресија. Во септември 2016 година дојде директор Владимир Атанасовски. СЈО влезе во МВР. Тогаш почна и предизборната кампања. Одевме како претходница. По изборите, кога ВМРО-ДПМНЕ освои тесна победа, отидовме во хотел ’Русија‘. Таму беа директорот на УБК Владимир Атанасовски, Никола Бошкоски, Спире Ристовски, Миле Јанакиески, Кирил Божиновски, Ивица Коневски, Дејан Димковски-Боксер, сите наздравивме за победата на ВМРО-ДПМНЕ. Но, следуваа приговори во ДИК од СДСМ, почнаа протести на ВМРО-ДПМНЕ. Јас собирав информации за службата“, сведочеше Александар Василевски – Нинџа.

Сведочењето е во тек.

Претходно «
Следно »