ПОЧНУВА ХАОС: Прв “ официјален“ удар на Трамп врз Кина

  • January 24, 2017

Администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп порача дека ќе ја спречи Кина да ја превземе територијата во меѓународните води, пренесува Ројтерс.

csm_tramp_sinhua_f2d63fe8da

“Мислам дека САД ќе ја обезбеди заштитата на нашите национални интереси. Доколку тие острови навистина се во меѓународни води и не се дел од Кина, тогаш одговорот е потврден. Ние сигурно ќе ги браниме меѓународните територии од тоа да ги превземе некоја земја“ рече  портпаролот на  Белата куќа Сон Спајсер на брифингот за новинарите.

 Ројтерс наведува дека Спајсер одговарал на прашањата дали Трамп се согласува со коментарите на   Рекс Тилерсон, кој го номинира за нов државен секретар на САД , кој минатата недела изјави дека на Кина не треба да и се дозволи пристап до островите кои ги гради во подрачјето на Јужно кинеското море за кое се спори со другите земји.
 АП потсетува дека Тамп ги ,,размафта перјата“ со Кина веднаш по победата на изборите во Ноември, со разговорот со лидерот на Тајван и прекинот на долгогодишната традиција на одржување на незваничните односи со овој остров.
Претходно «
Следно »