ПО ИРЕНА РИСТИЌ, И СТОЈАНЧЕ АНГЕЛОВ СО НАВРЕДИ ДО РОМИТЕ: Стојанче ги моли Ромите да не прават „цигански работи“!

Активистот за правата на Ромите , Дехран Бислим денеска од ромските претставници во Владата и Собранието Самка Ибраимовски и пратеникот Курто Дудуш да преземат мерки со кои кои во јавниот дискурс ќе престане именувањњето на Ромите со погрдниот назив „Цигани“.

Откако јавното обвинителство покрена процес против актерката Ирена Ристиќ која ги нарече Ромите како Цигани, ромските активисти откриваат дека и советникот на министерот за култура Петрит Сарачини го употребувал овој збор за Ромите а денеска е објавен и статус на генералот Стојанче Ангелов кој во обид да ја одбрани Ирена Ристиќ повторно користи недолични и навредливи зборови за Ромите.

Статус на Дехран Бислим (во оригинална форма без интервенции)

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

„Опаа еве уште еден Квази генерал во “Афект”како јавно не нарекува Цигани.

Избори се ближат потрчкото е во коалиција ако не се лажам со СДСМ.

Па од таму ми се појавува дилема дали Генерачето им забива нож у леџа на Сдсм со овој пост бидејќи логично многу Роми ке излезат на гласајне па незнам непознавам Ром кој што нема грам достоинство и гордост во себе да гласа за Стојанче и коалиција после овој статус.

Второ што сакам да напоменам дека Ромите никогаш не претрпија таков линч вреѓајне и омаловажување како тоа што го претрпуваме овие денови поповод судската постапка против актерката Ирена Ристиќ активист на Шарена Револуција и блиска пријателка на владеачката гарнитура.

Ги повикувам почитуваните Г министер Самка и почитуваниот пратеник Курто Дудуш Куцо да завземат јасен став и да ги бранат во овој случај правата на Ромите, бидејќи ќе напоменам нападите се од Петрит Сарачини советник на министерот за Култура и кослиционен партнер џенералот од партијата достоинство и многу други нивни подржувачи.

Се до тогаш додека правдата нема да биде задоволена

#НЕМА_ПРАВДА_НЕМА_МИР

П.с ги молам објективните медиуми да не бидат неми пред овие фашистички напади ги повикувам да не контактираат да дадеме наше мислејне за темата.

Статусот може да се превземе!

[/kopa_block_quote]