ПО КОНСУЛТАЦИЈА СО ЧЛЕНСТВОТО, ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ИЗЛЕЗЕ СО СТАВ ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ: Правиме консултација со членството и граѓаните за нашето однесување на референдумот, ќе се водиме од интересот на граѓаните

  • August 7, 2018

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христина Мицкоски, во неговото гостување во вестите на Канал 5 телевизија изјави дека во моментов во тек се консултации со членството и граѓаните и за однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ на референдумот, партијата ќе се води од интересот на граѓаните на Република Македонија.

– ВМРО-ДПМНЕ во рамките на ова лето има акција која што е наречена „Лето за Македонија“ и во рамките на таа акција правиме консултација со многу граѓани секој ден, правиме консултации со стотици граѓани, се разбира и со членството на партијата, со партиските структури, со општинските комитети. Како што знаеме кампањата за референдумот отпочнува некаде на 10-ти септември и до тогаш се надевам оваа акција ќе трае, така што јавноста благовремено ќе биде информирана за сите чекори на ВМРО-ДПМНЕ во иднина, потенцираше Мицкоски.

На прашањето дали можеше да се постигне подобар договор со Грција тој вели дека доколку тој се прашува секако дека можеше да се постигне договор, затоа што содржината, но и импликациите кои што се резултат на овој т.н. договор се катастрофални за Република Македонија.

Во тој контекст Мицкоски истакна дека тој останува принципиелен и дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ е неменлив и тој е дека ВМРО-ДПМНЕ не може да прифати промена на Уставот, а со цел промена на уставното име.

Претходно «
Следно »

loading…