October 24, 2021, 7:26 am

По најавите за пpoтест министерот Филипче се сретна со хируршкиот колектив и директорот на ГОБ 8 Септември

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за здравство д-р Венко Филипче попладнево оствари средба со претставници на хируршкиот колектив на ГОБ 8 Септември и со директорот на болницата д-р Христијан Костов. На средбата беа разгледани повеќе аспекти од состојбата, односно во ГОБ 8 Спетември во моментов се лекуваат 100 пациенти со ковид, па оттука и редуцираноста на бројот на хируршки одделенија, но сепак со запазување на итни случаи како малигноми и фрактури. Тие интервенции се одвиваат тековно. За време на средбата се најде привремено решение за оперативниот програм за следната недела, а во тек на престојните денови министерот со лекарите ќе разговараат и за трајно решение за предизвикот. Министерството за здравство апелира граѓаните да се вакцинираат, најголем број од пациентите се невакцинирани и тоа сериозно го оптеретува здравствениот систем.

Хирурзите во болницата ГОБ „8 Септември“ утрово најавија дека в понеделник ќе го искажат своето незадоволство поради проблемите со функционирањето на хируршките сали, а тоа ќе го сторат на начин што ќе ги стават инструментите во фиока и ќе ги откажат сите закажани операции на пациенти. Вакво предупредување денеска испрати хируршкиот колектив во болницата, кој преку писмо до медиумите соопшти дека операции ќе бидат извршени само врз пациентите во животозагрозувачка состојба, кои ќе бидат соодветно прифатени и згрижени.

Изворот на револтот кај хирурзите е во тоа што како колектив не добиваат прием кај директорот на болницата Христијан Костов за да поразговараат за проблемите со хируршките сали.

– Во болницата секојдневно функционираат само две хируршки сали дневно наместо полниот капацитет кој би бил шест сали во текот на денот. Јасно е дека со настанатата ситуација со пандемијата капацитетите ќе бидат намалени, но ова е под реално можно ниво и резултира со тоа што пациентите кои не се во животозагрозувачка позиција не можат да добијат термин за хируршка интервенција. Од страна на вработените беа понудени неколку решенија за реорганизација на работата како би се постигнала поголема ефикасност, но истите или не се стигнати до директорот или директорот не ги спроведува ниту предложува други решенија. ГОБ ’8 Септември‘ е столб на здравството во државата. Во изминативе две години ние сме главен ковид-центар во државата каде што се згрижуваат најтешките пациенти од пандемијата, прифатен центар за сите хируршки пациенти од сите болници надвор од Скопје од кои голем број се на терциерно ниво, а за жал по некоја необјаснета логика ГОБ ’8 Септември‘ е сè уште на секундарно ниво, се вели во писмото.

Нашите барања, наведува хируршкиот колектив, се да се овозможат услови во болницата за да може да им пружи хируршка здравствена заштита на поголем број пациенти чии болести не исчезнуваат поради пандемијата.

– За надминување на ситуацијата постојат неколку решенија и сме отворени за дополнителни предлози. Поради сериозноста на ситуацијата, како предупредување и начин на алармирање за ситуацијата, наредната недела од 27 септември ќе биде прекинат селективниот хируршки програм во болницата, но поради нашите пациенти сите кои се во животозагрозувачка состојба ќе бидат соодветно прифатени и згрижени. Се надеваме дека ова наше барање ќе биде разгледано и постапено по истото, ако не од директорот на институцијата, тогаш од министерот за здравство или од претседателот на владата, наведено е во писмото.

Latest News

Дневен хopocкoп зa 24 oктoмвpи – eвe штo вe oчeкyвa дeнec

Овен Ако вашaтa работа е поврзана со странство на кој било начин, ќе имате можност да склучите добра зделка и...

More Articles Like This