ПО ПРАСКИТЕ И ТУТУНОТ, И ЛУБЕНИЦИТЕ НА БУНИШТЕ: Откупната цена најниска во историјата, Заев уште ги лаже луѓето дека ќе ја уценувал Русија и Кина да купеле лубеници

  • June 30, 2017

Откупната цена на струмичките лубеници никогаш не бил под пет денари, а сега е четири. Со ова не може ниту 30 отсто од трошоците да се покријат. Земјоделците не можат да опстанат, ова се само дел од коментарите на земјоделците од Струмичко откако откупната цена на бостанот падна на рекодно ниско ниво.

Дневно низ откупните центри се откупуваат по 1.000 тони бостан, а уште толку се извезуваат преку Царинскиот терминал во Струмица.

Земјоделците не се задоволни со откупната цена и велат дека на сила, со маки го извезуваат.

-Цената во моментот не баш најдобра. Овој бостан треба да оди за Бугарија и за Босна и Хецеговина. На сила, со маки го извезуме, велат земјоделците.

Очекуваат од владата, а посебно од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да им излезе во пресред и да најде решение за овој проблем.

-Почетната цена на бостанот никогаш не бил под 5 денари, сега е 4. Со ова не може ниту 30 отсто од трошоците да се покријат. Земјоделците не можат да опстанат. Само Владата да преземе мерки и да субвенционира како во Росоман со праската што даде по 60 денари субвенции. Исто и тука за бостанот може да се субвенционира за колку-толку, трошоците да можат да се покријат, вели друг земјоделец.

На ред е владата на СДСМ да застане позади земјоделците и да им помогне како што тоа го правеше владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно «
Следно »