ПО УНГАРИЈА И АВСТРИЈА СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ДОГОВОРОТ ЗА МИГРАНТИТЕ НА ОН: Австрискиот канцелар Курц, најави дека Австрија нема да го потпише договорот за мигрантите

  • October 31, 2018

Австрија се повлекува од глобалниот Договор на ОН за мигрантите, најавија властите во Виена.

На денешната седница на Владата ќе биде донесена соодветна одлука, најавија канцеларот Себастијан Курц и вицеканцеларот Хајнц-Кристијан Штрахе.

Австрија го следи примерот на САД и на Унгарија. Виена нема да го потпише тој документ поради суштински несогласувања и нема да испрати официјален претставник на конференцијата во Маракеш чие одржување е предвидено за декември.

Во Виена го сметаат Договорот несоодветен за регулирање на мигрантското прашање, стравуваат за губење суверенитет во мигрантската политика и „бришење“ на разликите меѓу легалната и илегалната миграција. (МИА)

Претходно «
Следно »