По 15 јули започнува ера на политичари кои нема да седат во канцеларии, туку ќе се меѓу народот

Поврзано

Како се вика таа твоја земја што е и наша и ваша?

КАКО СЕ ВИКА ТАА ТВОЈА ЗЕМЈА ШТО Е И НАША И ВАША. У Грчка ли ќе гласаш, у Бугарија,...

Операција Атлантик

Под кодното име „Атлантик“ била водена мега разузнувачка операција за следење на сите противници на промената на името, во...

(Фото) Cквeрнaвeњe на споменик и лик и дело во Маврово е елементарно нeпoчитyвaњe

Туристичката понуда на новоименуваниот скијачки центар „Ресорт Маврово“ за ова лето гласи: „Возете се со жичарницата и на врвот ќе...

Вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со носителот на изборна единица 2, Владо Мисајловски ја посетија Општина Куманово. Од Куманово Мицкоски порача дека по победата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ започнува ера на политичари кои нема да седат во канцеларии, туку ќе се меѓу народот. Меѓу народот и ќе ги слушаат проблемите на граѓаните и ќе ги спроведуваат решенијата низ проекти.

-Сигурно нашите предци кои што животот го дадоа за нашата држава немаше ова политичко мочуриште и оваа сурова реалност да ги прифатат. Затоа за помалку од две недели од денеска сите ние ќе бидеме исправени пред една историска раскрсница како и на кој начин ќе ја гледаме нашата Македонија во иднина. Каков беше сонот кој што го сонувавме да го досонуваме. Јас сум убеден дека ние сите што сме овде, но и тие што денеска не се со нас, но и оние кои што не следат од балконите ќе го изберат нашиот сон. Сонот за праведна наша татковина Македонија, истакна Мицкоски.

Мицкоски ги повика граѓаните на Куманово на 15-ти јули да излезат масовно и да го заокружат бројот 14. Тоа бројот кој што овојпат ќе биде број на победничката Коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ, „За обнова на Македонија“.

-Ќе се бopам за она кое што верувам, никогаш да не престанам да се бopам во она кое што верувам, а верувам јас заедно со вас, верувам за идејата за нашата Македонија. Онаа богатата, Македонија која што ќе биде со исправена кичма, а не со свиткана кичма. Македонија со среќни граѓани. Македонија чии што деца ќе се вратат дома и ќе ги наполнат домовите на родителите, кои што со тага во лицето ги испраќаа од своите родни домови и огништа, кои што се среќни кога една неделно ќе им се јават или еднашка во две години ќе се вратат и ќе поминат некоја недела со нив. Вреди да се бориш за една таква различна Македонија, Македонија полна со вредности, нагласи Мицкоски.

Мицкоски порача дека вреди да се бoри за една таква Македонија кога граѓаните ќе се среќни и полни со оптимизам.

-Оние од власта кога ќе дојдат овде, и ќе ве убедуваат, ќе ве гледаат во очи и ќе ви велат дека можат. Јас би рекол дека можеа, но тоа е минато и завршено време. Да и тоа време завршува на 15-ти јули, рече Мицкоски.

Мицкоски потсети дека власта многу ветуваше но за жал ништо не исполни. Од власта само граѓаните добиваа празни лаги. Власта во Македонија донесе криминал, корупција, сиромаштија и рекет.

-По 15-ти јули, ќе ги засукаме ракавите и да работиме дополнително за да си ја обновиме од пепелот во кој што овие политички измамници ќе ни ја остават, појасни Мицкоски.

Мицкоски посочи дека единствениот приоритет на оваа власт беа kpиминалните тендери и богатење на грбот на граѓаните. Од правда што ја ветуваа граѓаните единствено добија „трас – трас“ судство и обвинителство.

-Доаѓа обновата, победува обновата на 15-ти јули. Поведува овој тим. Најдоброто допрва следува. Започнуваме со една нова политика, нова ера во која што ќе нема повластена политичка каста. Во која што избраниците народот, оние кои што на 16-ти јули ќе ја добијат нашата прва лекција од читанката „Проект – Обнова“, е дека нема привилегирани политичари, сите заедно овде со народот на овие клупи ќе слушаме што мисли народот. А, тоа што ќе го слушаме тоа и ќе го спроведеме со проекти. Нема веќе политичари во канцеларии затворени со „silent“ телефони и луѓе кои што нема да одговараат, вети Мицкоски пред граѓаните во Куманово.

За крај Мицкоски од Куманово порача дека политичар кој избрал да биде дел од Коалицијата „За обнова на Македонија“ избрал да се жртвува за доброто на граѓаните, за доброто на Република Македонија.

Актуелно

Операција Атлантик

Под кодното име „Атлантик“ била водена мега разузнувачка операција за следење на сите противници на промената на името, во...

(Во живо) Бoмбa на Љупчо Палевски, приcлyшкyвани и следени новинари, политичари и активисти на „Бојкотирам“

Во „Public Room“ на прес конференција, Љупчо Палевски открива дека во период пред референдумот биле прислушкувани и следени, новинари, политичари и активисти на движењето...

Брима Галуп воопшто не спровела анкета, СДСМ „води“ само на непостоечки анкети!

Новинарот Горан Момировски во емисијата „Заспиј ако можеш“ откри скандал од невидени размери споделувајќи со македонската јавност дека Брима Галуп воопшто не спровела никаква...

Мицкоски до Заев: Ќе морате да ја докажувате Вашата невиност пред cуд, одговорност мора да има

На вечерашниот тв дуел гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ г. Христијан Мицкоски, кој зборуваше за реформите во судството, како и за одговорноста која што ќе...

Мицкоски: Cо заокружување на број 14 ќе се поддржи една поинаква Македонија од оваа која што денеска се случува

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во дебатната емисијата на македонската телевизија посочи дека овие избори се избори во кои што се одлучува за нашата...

Повеќе вести