ПО 8 ГОДИНИ, АЈАТОЛАХОТ ГИ ПРЕВОДЕШЕ ПЕТОЧНИТЕ МОЛИТВИ: Властите во САД ги нарече „американските кловнови“

  • January 17, 2020
  • Коментари

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, во петокот ги поведе петочните молитви во Техеран, по сум години, по соборувањето на патничкиот авион од страна на Иран и тензиите со САД.

Хамнеи ги исмеваше американските власти и ги нарече „американски кловнови“, а ги критикуваше Франција, Германија и Велика Британија како „потрчковци“ на САД на кои не може да им се верува. Тој, исто така, изрази сочувство до семејствата на жртвите од авионската несреќа.

Ретко е за Хамнеи – највисокиот духовен и политички авторитет во Иран – да ги води петочните молитви, овој потег се смета дека е обид за подигнување на рејтингот по неколкуте бурни недели и протестите кои го го зголемија притисокот врз власта во Исламската Република.

Најважниот ирански генерал, Солејмани, беше убиен во американскиот напад со беспилотни летала во Ирак пред две недели, а Иран возврати со напади врз американските цели, со што Техеран и Вашингтон за неколку часа се доведоа на работ на војна.

Претходно «
Следно »