January 16, 2021, 10:13 am

По Apмијата и пожapникарите едногласни: Никој нема мандат да се пазари со виталните интереси на татковината

Поврзано

Бeз ЕУ нeмa aлтepнaтивa, члeнcтвoтo вo ЕЕЗ caмo пpeoднo peшeниe

Идејата за членство во Европската економска зона која овозможува слободен европски пазар, размена на работна сила и слободен транспорт...

Akтивни 16.231 cлyчaj co Koвид-19: Pacте бpoјoт нa oздpaвeни пaциeнти

До вчера во земјава беа регистриарни 16231 активни случаи на Ковид-19, од кои најголем број – 9985 се од...

Македонија, Црна Гора и Албанија воведоа caнкции кон Белорусија

Пет европски земји се приклучија на санкциите на Европската унија против Белорусија, објави Советот на ЕУ. „Земјите-кандидати: Република Македонија, Црна...
- Advertisement -

По отвореното писмо од припадници на Армијата на Македонија, денеска со отворено писмо и пожарникарите кои едногласно повикуваат дека никој нема мандат да се пазари со виталните интереси на татковината.

Целото интегрално писмо е во продолжение:

„Ние припадниците на Територијалните противпожарни единици во Република Македонија, ја известуваме целата македонска јавност и сите дипломатски и други претставништва на странски држави и меѓународни институции во Република Македонија, за следново:

Ги поддржуваме ставовите на припадниците на Армијата на Република Македонија, изнесени во нивното вчерашно известување за јавноста. Во наведеното известување, припадниците на Армијата на Република Македонија, известија дека застануваат во одбрана на македонските национални интереси а во контекст на преговорите кои нашата влада ги води со бугарските власти во однос на македонските идентитетски основи (историјата на македонскиот народ, македонскиот јазик и македонскиот етнички идентитет).

Ние припадниците на Територијалните противпожарни единици , будно ги следиме овие настани и известуваме дека рамо до рамо со припадниците на Армијата на Република Македонија, ќе станеме во одбрана на нашите национални и државни интереси. Нашата политичка елита, ја известуваме дека прифаќањето на било каков компромис во однос на наведените вредности, ќе го сметаме како непријателски акт кон македонската држава.

Ние ПОЖАРНИКАРИТЕ, сме мултиетнички состав,во нашите единици имаме Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби и други, но сметаме дека евентуалниот компромис во однос на наведените прашања ќе претставува компромис против сите нас, против сите граѓани на нашата држава, против нашата заедничка татковина Република Македонија.

Уште еднаш апелираме до нашите највисоки политички претставници, ја немате нашата поддршка за пазарење со виталните вредности на нашата држава, немате таков мандат ниту од уставот на државата ниту од граѓаните на Република Македонија.

Доколку посегнете кон некаков компромис во споменатата насока, Ве известуваме дека ќе се соочите со нашиот жесток одговор, кој ќе го искажеме заедно со припадниците на Армијата на Република Македонија и други институции, но и заедно со сите граѓани на нашата држава.

Ние ве избравме не за да владеете со нас, туку за да не претставувате и да ги заштитите нашите а не вашите лични бизнис и партиски интереси.

Нема да ви дозволиме наместо нашите да застапувате туѓи интереси, ние ве избравме ние ќе ве симнеме од позициите на власт“, велат во своето отворено писмо пожарникарите од територијалните противпожарни единици во Република Македонија.

Во отвореното писмо, пред два дена, припадници на АРМ на власта и порачаа: „Едноставно е, разберете нé! Ние не можеме да да молчиме додека Вие ја предавате и продавате Македонија! Стоп за распродажбата ВЕДНАШ!“.

Latest News

Koлeктивнa тyжбa пpoтив “Амазон”: Cи ги „пyмпaлe“ цeнитe нa пpoизвoдитe

Читателите во неколку американски држави поднесоа класна постапка против малопродажниот интернет гигант Амазон. Како што тврдат, Амазон, во договор со...

More Articles Like This