По oвa ќe ги зaбopaвитe плaнoвитe зa 2021: Германски инфekтoлoг oткpи шokaнтнa пpoгнoзa зa Koвид-19

Поврзано

„Гардијан“ открива: Што се крие позади глобалниот кapaнтин и зошто мора да се повторува на секои две години?

Британскиот весник „Гардијан“ случајно ги подгреа сомнежите за голем број теоретичари на заговор со напис кој сугерираше дека е...

Ќе има ли постpoги мерки: Одлуката ќе падне во понеделник, нaјави Филипче

Во денешното гостување нателевизија „Сител“ министерот за здравство Венко Филипче рече дека во текот на наредната недела ќе се...

По два часа pacправа Бугарија го oдби предлогот на БСП за набавка на руски вакцини

По два часа расправа околу геополитиката и дали руската вакцина „Спутник V“ е најдобра или не, бугарскиот Парламент денеска...
- Advertisement -

Водечкиот германски вирусолог Кристијан Дростен, за разлика од многумина, очекува епидемиолошката состојба да се подобри дури наесен.

Во интервју за германскиот магазин „Шпигел“, Дростен рече дека не верува дека ќе биде подобро во текот на летото, туку дека по „отклучувањето“, и покрај потоплите температури, бројот на нови пациенти ќе се зголеми, како што беше случај во Шпанија. Во овој поглед, тоа потсетува на Јужна Африка, каде што бројот на нови случаи во моментов рапидно расте, а сега таму е лето.

Причината за неговата прогноза, како што вели, е новата варијанта на вирусот, Б.1.1.7 првпат откриена во Велика Британија. Вирусологот вели дека сега сè уште постои единствена шанса да се спречи ширењето на новата варијанта во Германија, или барем да се забави.

Студија докажа дека мутираниот вирус е позаразен до 35 проценти. – Ова е за жал поопасно отколку кога би станал посмртоносен, бидејќи секое ново заразено лице на тој начин ќе зарази повеќе луѓе, а секое од овие лица за возврат ќе зарази повеќе луѓе. Значи, бројот на заразени ќе расте експоненцијално. Ако бројот на случаи сега не се спушти доволно ниско, рече тој, може да има негативни последици на пролет и лето.

– Кога постарите лица и можеби некои од ризичните групи ќе бидат вакцинирани, ќе има огромен економски, социјален, политички и можеби правен притисок да се стави крај на мерките против коронавирусот, рече Дростен. Како резултат, предупредува тој, може да има поголема инфекција, така што повеќе нема да има „само“ 20.000 нови пациенти, туку во најлош случај и по 100.000 на ден.

Иако тогаш би биле претежно погодени лицата на помлади години, кои имаат полесна форма на болеста, посочува Дростен во интервјуто за „Шпигел“, со толку многу заразени, повторно ќе има преполни оддели за интензивна нега и многумина ќе умрат.

Latest News

Заврши топлиот бран: Од утре дождови со зaсилен северен ветер

Поради продор на постудена воздушна маса од север, утре ќе преовладува променливо облачно време со засилен северен ветер, особено...

More Articles Like This