ПРАТЕНИЦИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ ЈА НАПУШТИЈА КОМИСИЈАТА: Поради солидарност со новинарите кои добија закани од Анѓушев, ВМРО-ДПМНЕ ја напушти комисијата за економски прашања

  • April 27, 2018

Во знак на протест и солидарност со лицата кон кои се упатени заканите, ВМРО-ДПМНЕ ја напушти денешната комисија и бараат владините функционери да понесат морална, етичка и политичка одговорност.

Законот за енергетика е смислено обемен и хаотичен и наместо да се изготви посебен закон за секоја директива одделно, по примерот на Хрватска, се прави гломазен закон за да се задскријат бизнис интересите на власта, истакна пратеникот Драган Цуклев од ВМРО-ДПМНЕ од Комисијата за економски прашања.

-Повторно имаме злоупотреба на европското знаменце. Овој закон нема да донесе усогласување со ЕУ директиви односно функционалното раздвојување меѓу производство, пренос и снабдувач е само формалност. Некои членови од предлог законот се целосно во спротивност со директивите на ЕУ. Со закон го менувате претседателот на Регулаторна комисија за енергетика заради бизнис интереси со што се прави преседан за сузбивање на регулаторните тела воопшто. До идејниот творец на овој закон, вицепремиерот Кочо Анѓушев и останатите владини функционери, ја користиме оваа прилика да упатиме апел да престанат со закани и цензура кон новинарите и граѓанскиот сектор, рече тој.

Во знак на протест и солидарност со лицата кон кои се упатени заканите, ВМРО-ДПМНЕ ја напушти денешната комисија и бараат владините функционери да понесат морална, етичка и политичка одговорност.

-Жалиме што иако на нас пратениците и на новинарите ни беше најавено присуството на вицепремиерот Анѓушев, тој не се одважи и не дојде на Комисијата за економски прашања, истакна тој.

Претходно «
Следно »