October 20, 2021, 9:49 pm

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ порачаа: Не смее да има за Макпетрол, а да нема за народот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ до рано утринава во Собранието со говори, реплики и контрареплики го спречија донесувањето на Предлог законот за решавање на спорот помеѓу Владата и Макпетрол АД Скопје по пат на спогодба со кој се предвидува да му се признае на Макпетрол сопственост на 50 отсто од гасоводот во земјата и да му се исплати цена од 33 милиони евра.

Во собранискаа расправа која траеше повеќе од 20 часа, пратениците од опозицијата истакнаа дека  предложеното законско решение е еден од серијата закони што ја убиваат правдата и ги прекршуваат основните начела на правото.

Според нив, не може да има закон за спор зашто тој се решава со медијација и во судовите. Не смее, нагласија, Собранието да прерасне во квази суд, бидејќи тоа е надлежно само за ратификации на договори. Повикувањето на акти од минатото од 1987 година кои можат да се искористат како искуство, е недозволиво, посочија пратениците од опозицијата, а институциите не треба да се затскриваат зад законот, туку да го решат спорот на начин каде и како што треба.

-6:45 часот во Собранието на Република Македонија … пленарната седница за криминално-рекетарската влада на Заев и СДССМ со “закон” да му исплатат 33 милиони € на Макпетрол (Телма) се уште во тек … повеќе од 20 часа непрекинато! А, ви кажав – се лажете дека може на “кондиција да не фатите”!, пишува Игор Јанушев.

-Во 07.55 ч. завршивме со обелоденувањето на криминалот тежок 33 милиони евра. Не го изгласа мнозинството, зашто не беа тука, зашто не сакаа да не’ слушаат. И знаеме дека ќе има уште криминали, ама ќе има и уште вакви битки, се’ до конечниот пад на оваа мафија од власт, стои во објавата на Дафина Стојаноска.

-Во 2 часот наутро се бориме против криминал вреден 33 мил. евра. Заедно, обединети против злоупотребите на народните пари, пишува Љупчо Пренџов.

-Домот на граѓаните НЕ е дом за алиби на бизнис одлуките на Зоран Заев.33.000.000 евра на граѓаните за кои Заев го силува Собранието се 1.680.000 вакцини за КОВИД-19. Парите на граѓаните треба да се ЗА ГРАЃАНИТЕ, пишува Рашела Мизрахи.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ очекуваат претседателот да се одважи и да стави вето ако овој закон сепак биде изгласан. Дваесеттата седница на чиј дневен ред е овој Предлог-закон ќе биде дополнително закажана.

Latest News

Сега на СДСМ ќе му се случува она што на ВМРО му се случи во 2017-та

Уредникот на Инфомакс, Александар Митовски во вечерашното гостување во емисијата „Јади бурек“ на ТВ Сонце, истакна дека порзот на...

More Articles Like This