ПРАТЕНИЦИТЕ ЌЕ ОДЛУЧАТ ЗА МИЗРАХИ: На дневен ред предлогот за рaзрeшување на министерката Рашела Мизрахи

  • February 14, 2020
  • Коментари

Талат Џафери за денеска закажа седница за предлогот за разрешување на техничката министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи.

Претходно, нејзино разрешување побара техничкиот премиер Оливер Спасовски, со образложение дека Мизрахи го кпши Уставот со тоа што не го почитува уставното име и во јавноста.

Денеска ќе се расправа и за Законот за јавното обвинителство, откако вчерашната седница беше прекината.

Во недела во 12:00 часот треба да се гласа за одлуката за распуштање на Собранието.

Претходно «