ПРАТЕНИЧКАТА МИТОВСКА ПОРАЧА: Ајде на избори, граѓаните да кажат дали ве поддржуваат

  • February 6, 2019

„Aјде да се соочиме на избори, па граѓаните нека кажат дали се за овие крупни промени што се прават како што вели СДСМ“, повика пратеничката Слаѓана Митовска од ВМРО-ДПМНЕ која гостуваше на телевизија Канал 5.

Според неа, ВМРО-ДПМНЕ има голема понуда по сите прашања од сите области и затоа треба да има и предвремени парламентарни избори.

-Тогаш граѓаните ќе слушнат што ќе прави ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ имаше програма План за живот, а за две години слушнавме толку спротивставени ставови од актуелниот премиер Заев, посочи Митовска.

Таа потсети на сите ветувања на СДСМ, како тоа дека нема да се смени уставното име, повисоки плати, пензии, еконмски раст од кој државата е многу далеку и слично.

Митовска рече дека работите мора да се сменат укажувајќи дека пржинската влада е услов за предвремени парламентарни избори.

Според Митовска и отписот на долгови е класичен пример за потkyп на гласачите пред изборите.

Таа праша зошто се отпишани долговите под влијание на премиерот Зоран Заев, а не согласно критериуми.

-Ова е популистичка мерка на Заев. Не е грижа за социјално ранливите категории. Треба да се каже на кои лица точно им се простуваат долговите. Тоа се прави по критериуми и за оние граѓани кои се социјална категорија и кои не можат да ги плаќаат сметките, рече Митовска.

Претходно «
Следно »