ПРВА ЕПИЗОДА ОД НОВОТО СТУДИО: Љупчо Палевски и Миленко Неделковски за Крим, Русија, МПЦ и погубната политика на Заев и Шеќеринска

  • June 4, 2018

Миленко Неделковски повторно се враќа на екраните, но овој пат поради политички причини, неговата емисија единствено може да ја погледнете на неговиот официјален Јутуб канал. Во најновата епизода на Миленко Неделковски Шоу во неговото ново студио, гостуваше поранешниот висок функционер на СДСМ и сегашен жесток критичар на Заев и владата, Љупчо Палевски.

Во емисијата се говореше за повеќе теми, како соединувањето на Крим со Русија, наводното руското влијание на Балканот и Македонија и актуелната политичка состојба во Македонија.

Но нај интересно и нешто што во моментов најмногу ги засега граѓаните сепак е писмото од Заев и од МПЦ кое беше испратено до Вселенската Патријаршија во кое се бара признавање на афтокефалноста на МПЦ и промена на името на македонската црква. Палевски вели дека томосот(црковен документ за афтокефалност на една православна црква) се наоѓа во Белград и ова е податок кој Заев како премиер би требало да го знае. Овој докумет се наоѓа во Белград уште од далечната 1922, кога бил продаден од страна на Вселенската Патријаршија на СПЦ за огромна сума на пари, поради тоа клучот за признавање на МПЦ всушност лежи во Србија, ниту во БПЦ ниту во Вселенската Патријаршија вели Палевски.

Целото интервју погледнете го тука:

Претходно «
Следно »