ПРВИ ФОТОГРАФИИ ОД ЛЕГЕНДАРНИОТ ВОЗ: Јужнокорејските фотографи ја снимија внатрешноста на возот на Ким Јонг Ун

  • March 29, 2018

Објавени се првите фотографии од внатрешноста на зелениот воз отпорен на куршуми во кој севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун допатувал во Пекинг, во првата официјална посета на некоја странска земја

Возот кој во понеделникот пристигнал од Пјонгјанг во Пекинг е истиот оној кој го користел неговиот татко Ким Џон Ил во мај 2000. кога исто така бил во посета на тогашниот кинески лидер.

Според пишувањата на јужнокорејските медиуми, возот се состои од околу 90 блиндирани вагони. Поради својата тежина, возот е прилично спор, се движи со просечна брзина од околу 60 километри на час, но неговата внатрешност е луксузна и полна со високотехнолошки уреди, пишува „Дејли Мејл“.

Внатре се наоѓа и удобен мебел, зидни панели од темно дрво и многу алхохол.

Во еден од вагоните со розева кожна фотелја, Ким го угостил Кси Џинпинг, додека ги фотографирале кинеските и севернокорејските фоторепортери.

Константин Пуликовски, руски претставник кој патувал во овој воз во 2001. година објаснува дека возот е полн со сандаци скапоцени пиалоци собрани од Париз.

Претходно «
Следно »