ПРВО СРЕДБА ЗАЕВ-АХМЕТИ, ПОТОА „МЕТЛА“: Заев ќе бара амин од Ахмети за владината чистка

  • May 16, 2019

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи смета дека најавените кадровски промени во извршната власт ќе значат подобрување на капацитетите во однос на зајакнување на политиките поврзани со економските прашања.

Тој повторно најави дека промените во Владата ќе следуваат по средбата на Зоран Заев и Али Ахмети, лидери на најголемите партии во владејачката коалиција.

– Вчера имаше нивна кратка средба на еден настан, но без простор да се отворат овие прашања. Очекуваме деновиве да се оствари тематска средба за потребите од зајакнување на капацитетите на Владата во поглед на фокусот на економските прашања дека ги затворивме политичките теми. И двајцата лидери на коалицијата имаат свој концепт како треба да се зајакнат тие капацитети и треба да седнат и да донесат конкретни одлуки, истакна Османи кој одржи предавање на Унивезритетот на Југоисточна Европа.

Тој истака дека по средбата Заев – Ахмети, и партиските тела ќе дебатираат по истите прашања.

Претходно «
Следно »