ПРВПАТ ПОСЛЕ 40 ГОДИНИ: Денес започнува со изградба на рударски комплекс во Казандол – Валандово

Поврзано

ЗАЕВ МУ СЕ НАЛУТИ НА АХМЕТИ: Јас сум кандидат за премиер, ако тоа е условот на ДУИ нема коалиција

Во нашата земја мандатар за претседател на Влада може да биде секој граѓанин кој ќе обезбеди поддршка од најмалку...

ОСМАНИ НЕГАТИВЕН: Двајца вработени во СЕП имаат корона

Двајца вработени во владиниот Секретаријат за европски прашања (СЕП), со кој раководи вицепремиерот Бујар Османи, се позитивни на ковид-19,...

(Фото) КОРОНА ВИКЕНД ВО ОХРИД: Редици пред маркети, гужви на кејот и чаршијата за корона

Повеќето од присутните на шеталиштето во Охрид, кој денеска изгледа како да е сред туристичка сезона, се гледа дека...

Компанијата Сардич MЦ по двегодишни истражувања, денеска почнува со изградба на својот рударски комплекс во Казандол,  Валандово. Ова е првпат по 40 години во Македонија да се гради рудник. Инвестицијата е англиска и е проценета на 35 милиони евра, а во првите седум години се очекуваат приходи од  близу 135 милиони евра или околу 20 милиони евра годишно.

На Казандол се потврдени резерви од 33 милиони тони рудни количина. Досега се потврдени за 20 години експлоатација.  Капацитетот на рудникот е 4.000 тони катоден бакар. Ќе биде вградена современа технологија од  фински „Аутотек“ која нема да има негативно влијание на животната средина.

Во фабриката што ќе се изгради во комплексот ќе бидат ангажирани директно 100 лица, а индиректно во целиот комплeкс ќе бидат ангажирани 250 лица.

Рударскиот комплекс се очекува да има позитивно влијание во регионот, но и приходи за државата. Компанијата ќе работи според македонски закони и според нив ќе плаќа давачки. Проценетиот прилив на средства во Македонија од производниот капацитет е 20 милиони евра.

Се очекува производството на првите бакарни катоди да почне за една година. Производството ќе биде пласирано на европскиот пазар.

Ова е прва фаза на проектот. Со отворање на следниот рудник планирано е и отворање дополнителен погон за преработка на катодите во бакарни цевки и валана жица.

Покрај концесијата за Казандол компанијата има концесија и за Петрошница и за Плавуш.

Актуелно

КАТАСТРОФА: 177 нови случаи на коронавирус во Македонија!

Во последните 24 часа регистрирани се 177 нови случаи на заболени од Ковид-19. Резултатот е добиен по изработени 1245...

МАКЕДОНИЈА КАКО АФРИЧКА ЗЕМЈА ПО БРОЈОТ НА НOВOЗAРAЗEНИ ДЕНЕС: Канал 5 јавува за нови 160 cлyчaи

Нашиот извор кој сака да остане анонимен а е од здравствениот систем вели дека и самите работници се вчудоневидени од растот на бројките на...

МИТОВСКИ ДО ФИЛИПЧЕ: Ќе одговараш за намерно ширење на заразата и неодговорно работење

Венко, мислиш дека ако бегаш од одговори на нормални новинарски прашања ќе ја избегнеш одговорноста или се надеваш дека ако не одговараш барем нема...

(Видео) НЕ ТЕРААТ ДА ГЛАСАМЕ ПА МАКАР И УМPEЛЕ: Граѓаните нeзaдоволни од кapантинот и досегашната работа на Филипче, наместо здравје тераат политика!

Граѓаните ги користат последните неколку часа пред започнувањето на полицискиот час за да ги испазарат потребните намирници. На градскиот пазар во Скопје имаше повеќе...

СРЕДЕ ПАНДЕМИЈА: Жбогар ни порача дека мораме да ги решиме сите прашања со Бугарија, ама за датум не е сигурен

Преговарачаката рамка се уште не е финализирана и не претставува јавен документ и затоа не можам да зборувам за тоа што ќе биде внатре....

Повеќе вести